Makita 9237CB Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for 9237CB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
Полирање
► Сл.13
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете заштитни очита или заштитна
маска за лице за време на работата.
Држете го алатот цврсто. Вклучете го алатот и потоа
нанесете ја волнената подлога/волненото перниче
на работниот материјал.
По принцип, држете ја волнената подлога/волненото
перниче под агол од околу 15 степени во однос на
работниот материјал.
Применете само мал притисок. Прекумерниот притисок
ќе резултира со лоши перформанси и предвремено
трошење на волнената подлога/волненото перниче.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, проверете
дали алатот е исклучен и откачен од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Чистење на капакот за прав
► Сл.14: 1. Шраф 2. Капак на резервоар за прав
Кога е потребно, исчистете го капакот за прав на
следниов начин:
1.
Извадете ја завртката од капакот за прав.
2.
Извадете го капакот за прав.
3.
Избришете го капакот за прав за да го
отстраните правот.
4.
Порамнете ја куката на капакот за прав со
жлебот на дршката.
5.
Стегнете го капакот за прав со завртката.
Ако капакот за прав се скрши или стане премногу
нечист, заменете го.
Замена на јагленските четкички
► Сл.15: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната ознака.
Одржувајте ги четкичките чисти за да влегуваат во држачите
непречено. Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките со
одвртка. Извадете ги истрошените јагленски честички,
ставете ги новите и стегнете ги капачињата на држачите.
► Сл.16: 1. Одвртка 2. Капаче на држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Навртка за блокирање 48
Клуч за стегање 28
Сунѓереста подлошка (закачи и сврти)
Волнена подлога 180 (закачи и сврти)
Подлошка 165 (закачи и сврти)
Ракав 18
Странична дршка (помошна дршка)
Кружна дршка
Капак на главата
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
32 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents