Makita 9237CB Instruction Manual page 31

Hide thumbs Also See for 9237CB:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Ако со алатот се ракува континуирано при
ниски брзини подолго време, моторот ќе се
прегрее и може да резултира со неправилно
функционирање.
Бројчаникот за прилагодување на брзината
може да се сврти само до бројот 6 и
назад до бројот 1. Не форсирајте го вон
броевите 6 и 1, во спротивно функцијата
за прилагодување на брзината може да
престане да работи.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Секогаш монтирајте ја кружната дршка или
страничната дршка.
Монтирање или вадење на
капакот на главата
► Сл.4: 1. Капак на главата 2. Шраф 3. Одвртка
За да го извадите капакот на главата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Извадете ја завртката на капакот на главата со
одвртувач.
2.
Извадете го капакот на главата како што е
покажано на сликата.
За да го монтирате капакот на главата, извршете ги
горните чекори по обратен редослед.
Поставување кружна дршка
(опционален додаток)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали кружната дршка
е наместена цврсто пред да работите.
► Сл.5: 1. Издаден дел од кружната дршка
2. Совпаѓачка дупка во куќиштето на
запчаникот
Секогаш монтирајте ја дршката на алатот пред
работата. Држете ги двете дршки со двете раце при
работа.
Поставете ја кружната дршка така што нејзиниот
издаден дел да влезе во соодветната дупка во
куќиштето на запчаникот.
Поставете ги завртките и затегнете ги со имбус-
клуч. Кружната дршка може да се монтира во две
различни насоки како што е прикажано на сликите,
соодветно на вашата потреба.
► Сл.6: 1. Кружна дршка 2. Имбус клуч 3. Завртка
► Сл.7: 1. Кружна дршка 2. Имбус клуч 3. Завртка
Монтирање или вадење на
волнената подлога (опционален
додаток)
За алати опремени со подлошка.
► Сл.8: 1. Волнена подлога 2. Ракав 18
3. Подлошка 4. Вретено 5. Забравник на
вретеното
За да ја поставите волнената подлога, прво
исчистете ги сета прашина и надворешните
материјали од подлошката. Притиснете ги
забравникот на вретеното и подлошката врз
вретеното. Вметнете го ракавот 18 во средишната
дупка на подлошката.
Со користење на ракавот 18 како водилка за
позиционирање, монтирајте ја волнената подлога на
подлошката со ракавот 18 вметнат низ средишната
дупка на волнената подлога. Потоа извадете го
ракавот 18 од подлошката.
За да ја отстраните волнената подлога, едноставно
одлепете го од подлошката. Потоа одвртете ја
подлошката додека го притискате забравникот на
вретеното.
Монтирање или вадење на
волненото перниче (опционален
додаток)
За алати опремени со гумена подлошка.
► Сл.9: 1. Волнено перниче 2. Навртка за
стегање 3. Гумена подлошка 4. Вретено
5. Забравник на вретеното
Монтирајте ја гумената подлошка врз вретеното.
Завртете ја навртката за блокирање врз вретеното.
► Сл.10: 1. Клуч за стегање 2. Забравник на
вретеното
За да ја затегнете завртката, притиснете го
забравникот на вретеното цврсто, така што
вретеното може да се врти, па со клучот за стегање
затегнете ја надесно.
За да ја извадите гумената подлошка, следете ја
постапката за поставување по обратен редослед.
► Сл.11
Поставете го волненото перниче врз гумената
подлошка. Врзете чвор, и приберете ги чворот и
сите конци кои стрчат помеѓу волненото перниче и
гумената подлошка.
Монтирање на страничниот држач
(дршка) (опционален додаток)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали страничниот
држач е наместен цврсто пред да работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
► Сл.12
31 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents