Makita DCL180Z 18B Instruction Manual page 53

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Врв за ќошиња + Издолжувач
(права цевка)
На тесни недостапни места, каде што чистачот не
може да се протне, или на високи недофатни места,
користете го овој распоред.
► Сл.35: 1. Врв за ќошиња 2. Издолжувач 3. Тело
на чистачот
Чистење без прскалка
Можете да собирате прашина и прав без прскалка.
► Сл.36
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
осигурувајте алатот да е исклучен.
Чистење
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не раздувувајте го правот
залепен на правосмукалката со помош на
компримиран воздух. Со тоа ќе се внесе прав во
куќиштето и ќе се предизвика дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
По миењето, филтрите
треба целосно да се исушат пред употреба.
Недоволно исушените филтри може да
предизвикаат намалување на моќта на смукање и
скратување на работниот век на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
По чистењето на филтрите и
сунѓерестиот филтер, не заборавајте повторно
да ги монтирате пред употреба. Ако ја користите
правосмукалката без филтрите и сунѓерестиот
филтер, правот ќе влезе во куќиштето на моторот
и ќе предизвика дефект.
Тело на правосмукалката
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на правосмукалката) на правосмукалката со
помош на крпа натопена во вода со сапуница.
Исчистете ги и пределите кај отворот за смукање и
областа за монтирање на филтрите.
► Сл.37
Филтер
Ако го измиете филтерот со сапуница кога е затнат
со прав, ќе се намали моќта на правосмукалката.
Целосно исушете го пред употреба.
► Сл.38
Сунѓерест филтер
Кога сунѓерестиот филтер ќе се извалка, исчистете
го на следниов начин.
1.
Отстранете го филтерот.
2.
Извлечете го сунѓерестиот филтер од
столпчињата.
3.
Исчистете го сунѓерестиот филтер со тапкање
или миење. Ако го миете, целосно исушете го пред
употреба.
4.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу
столпчињата и поставете го во оригиналната
позиција. Уверете се дека секоја долна ивица на
столпчето го држи сунѓерестиот филтер надолу и
дека нема слободен простор помеѓу сунѓерестиот
филтер и отворот за смукање.
► Сл.39: 1. Сунѓерест филтер 2. Долна ивица на
столпче
Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Не е вклучен шрафот за монтирање
на држачот. Подгответе шраф што одговара на
материјалот во кој ќе се шрафи.
Поставете го ѕидниот носач за безжична
правосмукалка на тврд дрвен ѕид, греда или столб,
каде што ѕидниот носач за безжична правосмукалка
може цврсто да се затегне. Пред да ја закачите
правосмукалката, секогаш внимавајте ѕидниот носач
за безжична правосмукалка добро да е прицврстен.
► Сл.40: 1. Ѕиден носач за безжична
правосмукалка
ВНИМАНИЕ:
правосмукалката на ѕидниот носач со сила,
ниту пак закачувајте други уреди освен
правосмукалката.
53 МАКЕДОНСКИ
Не закачувајте ја

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl180Dcl180fDcl140Dcl180z

Table of Contents