Makita DCL180Z 18B Instruction Manual page 50

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое прилагодување или проверка
на алатот, проверувајте дали е исклучен и
батеријата е извадена.
Внимавајте да не ги потфатите прстите
помеѓу чистачот и батеријата, како што е
прикажано на дијаграмот, кога ја вметнувате
батеријата. Ако ги потфатите прстите, може
да дојде до повреда.
► Сл.1
Монтирање или отстранување на
батеријата
► Сл.2: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред
ставањето или вадењето на батеријата.
Држете ги алатот и батеријата цврсто кога
ја монтирате или отстранувате батеријата.
Доколку не ги држите цврсто алатот и
батеријата, тоа може да доведе до нивно
лизнување од вашите раце и да резултира со
оштетување на алатот и на батеријата, како и
со телесни повреди.
За да ја извадите батеријата, повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на
батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и
турнете ја да застане во место. Вметнете ја до крај
додека не се заклучи во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може случајно да испадне од
алатот, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
(литиум-јонска батерија со ознака
на ѕвезда)
► Сл.3: 1. Ознака со ѕвезда
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда
се опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот за
да го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се поставени под еден
од следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што
предзивикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија.
Во таква ситуација, отпуштете го
прекинувачот на алатот и запрете ја
примената што предизвикала алатот
да се преоптовари. Потоа повлечете го
прекинувачот за стартување повторно за
рестартирање на алатот.
Ако алатот не се вклучува, тоа значи
дека батеријата е прегреана. Во таква
ситуација, оставете ја батеријата да се
олади пред повторно да го повлечете
прекинувачот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата
е пренизок и алатот нема да работи. Во
таква ситуација, извадете ја и наполнете
ја батеријата.
Вклучување
► Сл.4: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата во
алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за исклучување на алатот.
Вклучување на ламбата
Само за моделот DCL180F
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не гледајте директно во светлината.
Директната светлина ги оштетува очите.
► Сл.5: 1. Ламба
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
лампата. Отпуштете го прекинувачот за стартување
за да се исклучи.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.6: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
50 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcl180Dcl180fDcl140Dcl180z

Table of Contents