Makita GA039G Instruction Manual page 101

Cordless
Hide thumbs Also See for GA039G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Оставете алатот да се излади
пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде доволен,
алатот автоматски се исклучува. Во овој случај,
извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Ослободување на заштитната блокада
Кога системот за заштита работи постојано, алатот се заклучува.
Во оваа ситуација, алатот не стартува дури ни ако
го исклучувате и вклучувате. За да ја ослободите
заштитната блокада, извадете ја батеријата,
поставете ја на полначот за батерии и почекајте
додека не заврши полнењето.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
101 МАКЕДОНСКИ
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за други
причини што може да го оштетат алатот и овозможува тој
да запре автоматски. Преземете ги сите следни чекори
за да ги отстраните причините кога алатот е доведен до
привремено запирање или престанување на работата.
1.
Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
Оставете ги алатот и батеријата(ите) да се оладат.
3.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја монтирате
батеријата во алатот, секогаш проверувајте дали
функционира правилно клизниот прекинувач
и дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
притисне задниот дел од клизниот прекинувач.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема удобност
за лицето што ракува со алатот при подолготрајна
употреба. Бидете внимателни кога го блокирате алатот во
положбата „ON" и одржувајте стабилен зафат на алатот.
За да го стартувате алатот, притиснете го задниот дел
од лизгачкиот прекинувач, потоа лизгајте го во положба
„I (ON)". За непрекината работа, притиснете го предниот
дел од лизгачкиот прекинувач за да го блокирате.
► Сл.3: 1. Лизгачки прекинувач
За да го исклучите алатот, притиснете го задниот
дел од лизгачкиот прекинувач, потоа лизгајте го во
положба „O (OFF)".
► Сл.4: 1. Лизгачки прекинувач
Бирач за нагодување на брзината
Брзината на ротација на алатот може да се нагоди со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Табелата подолу ги
прикажува бројот на бирачот и соодветната брзина на ротација.
► Сл.5: 1. Бирач за нагодување на брзината
Број
1
2
3
4
5
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако со алатот се ракува
континуирано при ниска брзина подолго
време, моторот ќе се прегрее, што може да
резултира со дефект на уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Бројчаникот за нагодување на
брзината може да се сврти само до бројот 5
и назад до бројот 1. Не форсирајте го надвор
од броевите 5 и 1, во спротивно функцијата за
нагодување на брзината може да престане да
работи.
Брзина
3.000 мин.
-1
4.500 мин.
-1
6.000 мин.
-1
7.500 мин.
-1
8.500 мин.
-1

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ga040gGa041g

Table of Contents