Makita VC001GL Instruction Manual page 68

Hide thumbs Also See for VC001GL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Внимателно извадете ја
полиетиленската вреќа од резервоарот за да
се избегне нејзиното гребење или кинење од
рабовите во внатрешноста на резервоарот.
НАПОМЕНА: Испразнете ја полиетиленската
вреќа пред да се наполни. Ако се собере премногу
прав во резервоарот, полиетиленската вреќа може
да се скине.
Монтирање повеќенаменска
закачалка
Користете ја повеќенаменската закачалка за
држење црево, прибор и додатоци што не се
користат, а може да ги извадите брзо во согласност
со вашите претпочитања.
► Сл.19
Поставете ја повеќенаменската закачалка над
основата за монтирање во задниот дел од
правосмукалката, поставувајќи ги шините на
повеќенаменската закачалка по должина на
жлебовите на основата за монтирање.
► Сл.20: 1. Повеќенаменска закачалка 2. Основа
за монтирање
Монтирање MAKPAC-адаптер
Опционален прибор
Кутиите за чување на MAKPAC, што може да се
поврзуваат и редат, може да се монтираат во
горниот дел од правосмукалката со опционален
адаптер. Кутиите се достапни во многу големини
и стилови што им одговараат на вашите
претпочитања.
Поставете ја закачалката на основата за монтирање
над рачката на правосмукалката со површината
за монтирање свртена нагоре кога рачката е
превиткана во затворена положба.
► Сл.21: 1. Закачалка на основата за монтирање
2. Површина за монтирање 3. Рачка
Монтирајте го MAKPAC-адаптерот на закачалката
на основата за монтирање и зацврстете ги заедно со
четирите дадени шрафа.
► Сл.22: 1. MAKPAC-адаптер 2. Закачалка на
основата за монтирање 3. Шраф
Подигнете ја лентата за притискање и затегнете го
копчето за да ги подготвите кутиите на MAKPAC на
правосмукалката.
► Сл.23: 1. Лента за притискање 2. Копче
НАПОМЕНА: За детали во врска со монтирањето
на кутиите на MAKPAC, погледнете ги дадените
упатства со MAKPAC-адаптерите и кутиите.
Монтирање црево
ЗАБЕЛЕШКА:
газете го цревото. Никогаш не движете ја
правосмукалката со повлекување на цревото.
Прекумерната сила, газењето и влечењето на
цревото може да предизвикаат негово кршење или
деформирање.
ЗАБЕЛЕШКА:
обем, како на пример делканици од стружење,
бетонски прав или слични работи освен
отпад со мал обем, користете го цревото со
внатрешен дијаметар од 38 мм (опционален
додаток). Ако се користи цревото со внатрешен
дијаметар од 28 мм (опционален додаток), тоа
може да се затне и да се оштети.
Поврзување со правосмукалката
Вметнете го крајот на цревото во доводот за прав
(влез за црево) на правосмукалката, потоа свртете
го надесно додека не се блокира во место.
► Сл.24: 1. Црево 2. Довод за прав (влез за црево)
Поврзување со работните алати
(Зависно од земјата)
Со поврзување на правосмукалката со сите
достапни работни алати што се компатибилни со
правосмукалката, таа работи како извлекувач на
правот за вашите електрични алати.
Изберете еден од предните муфови или спојки
(опционален додаток) како најсоодветен за моделот
на вашиот алат. По потреба, поставете ги муфовите
или спојката помеѓу предниот крај на цревото на
правосмукалката и отворот за отстранување прав
на алатот.
► Сл.25: 1. Преден муф или спојка 2. Црево на
правосмукалката 3. Електричен алат
4. Правосмукалка
Монтирање или отстранување
додатоци на правосмукалката
ВНИМАНИЕ:
проверете дали е монтиран безбедно. Доколку
додатокот е монтиран неправилно, може да се
откачи и да предизвика телесна повреда.
Кога користите додаток без
функција за заклучување
Опционален прибор
Вметнете го додатокот во отворот за смукање
на правосмукалката со притискање и рачно
зашрафување во место.
Свртете го со рака и разделете го додатокот од
отворот за смукање по употребата.
► Сл.26
68 МАКЕДОНСКИ
Никогаш не виткајте го и не
Кога смукате отпад со голем
По монтирање на додатокот,

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc003gl

Table of Contents