Makita VC001GL Instruction Manual page 64

Hide thumbs Also See for VC001GL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на уредот, секогаш проверувајте дали
уредот е исклучен и касетите за батеријата се
извадени.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
уредот пред да го монтирате или да ги вадите
касетите за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете ги
правосмукалката и касетите за батеријата
кога ги монтирате или вадите касетите за
батеријата. Во спротивно, тие може да се лизнат
од вашите раце, што ќе резултира со оштетување
на правосмукалката и касетите за батерија или
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги
потфатите прстите кога го отворате или
затворате капакот на батеријата. Во спротивно
може да дојде до телесна повреда.
Правосмукалката има двојни отвори за батерии. Со две
идентични батерии паралелно, може да го продолжите
времето на работа за една или повеќе употреби, без
да мора да застанете за да ги наполните батериите.
Правосмукалката исто така работи и со една батерија,
па може да изберете или со две батерии или со една
батерија, зависно од вашите потреби.
► Сл.2: 1. Лев отвор за батерии 2. Десен отвор за
батерии
Со две батерии
Континуираниот погон со две батерии овозможува
подолго време на работа и поефикасно чистење. Кога
првата батерија ќе се испразни, правосмукалката
автоматски менува извор на напојување, така што ќе
продолжи да работи со втората батерија.
НАПОМЕНА: Левиот отвор за батерии (кога е
свртен кон предниот дел од правосмукалката) има
приоритет над десниот отвор за батерии. Десниот
отвор за батерии може да се идентификува само
како извор на напојување, кога нема монтирана
батерија во левиот отвор за батерии или кога
батеријата во левиот отвор за батерии ќе се
испразни.
НАПОМЕНА: Може да ја извадите батеријата
од левиот отвор за батерии и да ја наполните
откако правосмукалката ќе го префрли изворот
на напојување од левиот отвор за батерии во
десниот без да се прекине работата. За да му се
даде приоритет на левиот отвор за батерии по
монтирање на наполнета батерија, рестартирајте
ја правосмукалката.
Со една батерија
Потребна е само една батерија како извор на
напојување во левиот или десниот отвор за батерии.
Правосмукалката автоматски одредува кој отвор за
батерии е достапен според работните услови.
Монтирање и демонтирање
За да ги монтирате касетите за батеријата, прво
ослободете ја бравата и отворете го капакот
на батеријата. Потоа вметнете ги касетите за
батеријата.
► Сл.3: 1. Брава 2. Капак на батеријата
Порамнете ги јазичињата на касетите за батеријата со
жлебовите во куќиштето за батерии и вметнете ги во
местото. Вметнете ги докрај додека не се блокираат
во местото при што ќе се слушне слаб клик.
Потоа заклучете го капакот на батеријата.
► Сл.4: 1. Касета за батерија 2. Копче
За да ги извадите касетите за батерија, повлечете
ги од куќиштето за батерии додека ги притискате и
држите копчињата на предната страна на касетите.
ВНИМАНИЕ:
касетата за батеријата целосно. Во спротивно,
може ненадејно да испадне од уредот,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Кога правосмукалката ќе го префрли
изворот на напојување од првата батерија на
втората, може да биде потребно привремено
запирање на работата, што ќе предизвика послабо
смукање. Имајте предвид дека тоа не е дефект.
Правосмукалката се оправа и продолжува со
работа веднаш по паузата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.5: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
64 МАКЕДОНСКИ
Секогаш монтирајте ја
Немојте да ја монтирате
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
неисправна.
можеби е

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vc003gl

Table of Contents