Makita LM001C Instruction Manual page 82

Battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for LM001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нагодување на висината на
рачката
ВНИМАНИЕ:
Пред да ги отстраните
завртките, цврсто држете ја горната рачка.
Во спротивно, рачката може да падне и да
предизвика повреда.
Висината на рачката може да се нагоди на две
нивоа.
1.
Отстранете ги горните завртки на долната
рачка со помош на окаст клуч 13, а потоа олабавете
ги долните завртки.
► Сл.34: 1. Горна завртка 2. Долна завртка
2.
Нагодете ја висината на рачката, а потоа
цврсто затегнете ги горните и долните завртки.
Нагодување на брзината на движење
► Сл.35: 1. Лост за брзина
Брзината на движење може да се нагодува со лостот
за брзина. За да ја намалите брзината повлечете
го лостот кон вас, а за да ја зголемите брзината
свртете го лостот нанапред.
Користење на приклучокот за компост
Приклучокот за компост ви овозможува да ја вратите
исечената трева на земјата без да ја собирате во
корпата за трева. Ако ја користите машината со
приклучокот за компост, претходно отстранете ја
корпата за трева.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако ја користите машината
со приклучокот за компост, осигурете се дека
вкупната должина на тревата по сечењето е 30
мм или повеќе, а исечената должина е 15 мм
или помалку.
► Сл.36: (1) 30 мм или повеќе (2) 15 мм или
помалку
Користење на додатокот за исфрлање
Додатокот за исфрлање ви овозможува да ја
вратите исечената трева на земјата од десната
страна на машината без да ја собирате во корпата
за трева. Ако ја користите машината со додатокот за
исфрлање, претходно монтирајте го приклучокот за
компост и отстранете ја корпата за трева.
Електронска функција
За полесно работење, машината е опремена со
електронски функции.
Постојана контрола на брзината на вртењето
на сечилото
Електронско контролирање на брзината за
постигнување постојана брзина. Може да се изврши
добра завршна обработка, бидејќи брзината на
вртење е постојана дури и при преоптовареност.
Благ почеток на движење
Функцијата за меко стартување го сведува
почетниот удар на минимум и овозможува
машината да се стартува глатко.
Електрична сопирачка
Оваа машина е опремена со електрична
сопирачка. Доколку машината постојано не
успева да ги запре сечилата на косилката по
ослободување на рачката на прекинувачот,
однесете ја машината да се сервисира во
овластен сервисен сентар на Макита.
РАБОТЕЊЕ
Косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
со косење, расчистете ги стапчињата и
камењата од областа што се коси. Следно,
однапред расчистете ја сета плевел од областа
што се коси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
заштитна маска или заштитни очила со
странични штитници кога работите со
косилката.
ВНИМАНИЕ:
туѓи предмети ја блокираат внатрешноста на
косилката, отстранете го клучот за блокирање
и касетата за батерија и носете ракавици пред
да ги отстраните.
ЗАБЕЛЕШКА:
за косење тревници. Не косете плевел со оваа
машина.
► Сл.37
Цврсто држете ја рачката со двете раце при
косењето. Упатството за брзината на косење е
приближно 7 до 14 метри за 10 секунди.
► Сл.38
Централните рабови на предните тркала се
водилки за ширината на косењето. Користејќи ги
централните линии како водилки, косете во ленти.
Преклопете ја за една половина до една третина
претходната лента за да го искосите тревникот
рамномерно.
► Сл.39: 1. Ширина на косење 2. Област на
преклопување 3. Централна линија
Секој пат менувајте ја насоката на косење за да
спречите формирање на шема на тревникот во само
една насока.
► Сл.40
Повремено проверувајте ја корпата за трева за
искосена трева. Испразнете ја тревата пред да
се наполни. Пред секоја периодична проверка,
исклучувајте ја косилката и потоа вадете ги клучот
за блокирање и штекерот на преносливиот пакет за
напојување.
ЗАБЕЛЕШКА:
полна корпа за трева спречува мазно вртење
на сечилото и додава дополнителен товар на
моторот, што може да предизвика дефект.
82 МАКЕДОНСКИ
Пред да започнете
Секогаш носете
Ако исечената трева или
Оваа машина користете ја само
Користењето на косилката со

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents