Download Print this page

Makita M3700 Instruction Manual page 35

Hide thumbs Also See for M3700:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вметнете ја главата за фрезата докрај во конусот
на грлото и стегнете ја навртката на грлото со
двата клуча. За да ја извадите главата, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
► Сл.3: 1. Олабавување 2. Стегнување 3. Држење
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Алатот секогаш држете го цврсто со
едната рака на куќиштето. Не допирајте го металниот дел.
ВНИМАНИЕ:
Бидејќи прекумерното сечење
може да предизвика преоптоварување на моторот
или тешкотии во контролирањето на алатот, кога
сечете жлебови, длабочината на засекот не треба да
биде поголема од 3 мм на поминување. Кога сакате
да сечете жлебови подлабоки од 3 мм, направете
неколку поминувања со прогресивно подебели глави.
1.
Поставете ја основата на алатот врз
материјалот што ќе го сечете, така што главата на
фрезата нема да го допира.
2.
Вклучете го алатот и почекајте додека главата
на фрезата не достигне целосна брзина.
3.
Движете го алатот напред преку површината на
материјалот, држејќи ја основата на алатот рамно и
напредувајќи полека додека не заврши сечењето.
► Сл.4
Кога се сечат рабови, површината на материјалот
треба да биде на левата страна од главата на
фрезата, во правец на принесување на материјалот.
► Сл.5: 1. Работен материјал 2. Правец на вртење
на главата 3. Приказ на алатот од горе
4. Правец на принесување на материјалот
Кога го користите држачот на правец или насочувачот
на фрезата, задолжително нека бидат на десната
страна во правецот на принесување на материјалот.
Така ќе бидат израмнети со страната на материјалот.
► Сл.6: 1. Правец на принесување на материјалот
2. Правец на вртење на главата 3. Работен
материјал 4. Држач на правец
НАПОМЕНА: Ако го движите алатот премногу брзо
нанапред, засекот ќе биде со слаб квалитет или може да
се оштетат главата или моторот на фрезата. Ако пополека
го движите алатот нанапред, може да се изгори и уништи
засекот. Правилната брзина на принесување на материјалот
ќе зависи од големината на главата, видот на материјалот
и длабочината на засекот. Пред да почнете да сечете на
самиот материјал, се препорачува да направите мала
проба на отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како ќе
изгледа засекот и ќе можете да ги проверите димензиите.
Насочувач на шаблон
Насочувачот на шаблон има муф низ кој минува
главата на фрезата, дозволувајќи користење на
фрезата со шеми на шаблони.
► Сл.7
1.
Олабавете ја стезната завртка, а потоа
отстранете ги држачот на насочувачот и
отстранувачот на делканици.
► Сл.8: 1. Стезна завртка 2. Држач на насочувач
3. Отстранувач на делканици
2.
Олабавете ги завртките и извадете го
штитникот на основата.
► Сл.9: 1. Штитник на основата 2. Завртки
3.
Ставете го насочувачот на шаблон на основата и
заменете го штитникот на основата. Потоа прицврстете
го штитникот на основата стегнувајќи ги завртките.
4.
Прицврстете го шаблонот на материјалот. Ставете го
алатот на шаблонот и движете го алатот, така што насочувачот
на шаблон ќе се лизга долж страната на шаблонот.
► Сл.10: 1. Глава на фреза 2. Основа 3. Шаблон
4. Работен материјал 5. Насочувач на
шаблон
НАПОМЕНА: Работниот материјал ќе се исече со
различна големина од онаа на шаблонот. Земете го
предвид растојанието (X) помеѓу главата на фрезата и
надворешноста на насочувачот на шаблон. Растојанието
(X) може да се пресметува според следнава равенка:
Растојание (X) = (надворешен обем на насочувачот
на шаблон – обем на главата на фрезата) / 2
Држач на правец
Опционален прибор
Држачот на правец ефикасно се користи за прави
засеци кога се прават закосувања или жлебови.
► Сл.11
1.
Прикачете ја плочата за насочување на држачот
на правец со завртката и навртка-пеперутка.
► Сл.12: 1. Завртка 2. Плоча за насочување
3. Држач на правец 4. Навртка-пеперутка
2.
Тргнете ги држачот на насочувачот и
отстранувачот на делканици, па прицврстете го
држачот на правец со навртката-пеперутка.
► Сл.13: 1. Стезна завртка 2. Држач на правец
3. Навртка-пеперутка 4. Основа
3.
Олабавете ја навртката-пеперутка на држачот
на правец и нагодете го растојанието помеѓу главата
на фрезата и држачот на правец. На саканото
растојание, добро стегнете ја навртката-пеперутка.
4.
Кога сечете, движете го алатот со држачот на
правец израмнет со страната на материјалот.
Ако растојанието (A) меѓу страната на материјалот и
положбата на сечење е премногу големо за држачот на
правец или ако страната на материјалот не е права, не
може да се користи држачот на правец. Во тој случај,
цврсто стегнете права плоча на материјалот и користете
ја како држач на правец на основата на фрезата.
Принесувајте материјал во алатот во правец на стрелката.
► Сл.14
Работна операција со кружно
движење
Работна операција со кружно движење може да се изведе
ако ги склопите држачот на правец и плочата за насочување.
Минималниот и максималниот радиус на круговите што
треба да се исечат (растојанието помеѓу центарот на кругот и
центарот на главата на фрезата) се следниве:
35 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading