Makita GD0800C Instruction Manual page 27

Die grinder
Hide thumbs Also See for GD0800C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
16. По менување на втичниците или по извршување
какви било прилагодувања, осигурете навртката
за ракавот, клинот или кој било друг уред за
прилагодување да е цврсто стегната. Лабавите
уреди за прилагодување може неочекувано да
се поместат, со тоа предизвикувајќи загуба на
контролата и разлабавените вртливи компоненти ќе
бидат силно отфрлени.
17. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот додаток
може да ви ја зафати облеката и да ве повреди.
18. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето и
прекумерно насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
19. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат пожар.
20. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и поврзани предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно заглавување
или поткачување на додаток што се врти. Заглавувањето
или поткачувањето предизвикува нагло сопирање на
вртливиот додаток, што предизвикува губење контрола
врз алатот и негово придвижување во насока спротивна
од вртењето на додатокот.
На пример, ако абразивно тркало се заглави или поткачи
во материјалот на којшто се работи, работ на тркалото
што влегува во точката на заглавувањето може да се
зарие во површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да отскокне.Тркалото може да
отскокне кон операторот или настрана од него, зависно
од насоката на движење на тркалото во точката на
заглавување. Абразивните тркала можат и да се скршат
во такви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба на
алатот и/или неправилни работни постапки и услови, и
може да се избегне со преземање соодветни мерки на
претпазливост, како што е наведено подолу.
a) Цврсто држете го алатот, и
позиционирајте ги вашето тело и вашата
рака така што да ви овозможат да држите
отпор на силите од повратените удари.
Лицето кое ракува може да ги контролира
силите од повратните удари ако се преземени
соодветните мерки на претпазливост.
б) Бидете особено внимателни кога
работите на агли, остри рабови и сл.
Избегнувајте скокање и завлекување
на додатокот. Аглите, острите рабови
и отскокнувањето можат да го заглават
вртливиот додаток и да предизвикаат губење
контрола или повратен удар.
в) Не ставајте назабени сечила. Таквите
сечила често предизвикуваат повратни удари и
губење контрола.
г) Секогаш ставајте го втичникот во
материјалот во истата насока во која работ
за сечење излегува од материјалот (што
е истата насока во која се исфрлуваат
делканиците). Ако втичникот се стави
во погрешна насока, работ за сечење од
втичникот ќе излезе од работниот материјал и
ќе го повлече алатот во насоката на ставањето.
Специфични безбедносни предупредувања за
брусење:
а) Користете само видови тркала што се
препорачани за вашиот алат и само за
препорачаните примени.
б) Не поставувајте ја раката во линија
со вртливото тркало или зад него. Кога
тркалото, во точката на работа, се движи
подалеку од вашата рака, можниот повратен
удар може да ги фрли тркалото кое врти и
алатот право кон вас.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
21. Алатот е предвиден за употреба со
абразивни тркала со врзани точки (брусни
камења) трајно монтирани на право вретено
без навој.
22. Внимавајте тркалото да не го допира
материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
23. Пред да го користите алатот врз
материјалот, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансирано тркало.
24. Користете ја специфицираната површина на
тркалото за брусењето.
25. Внимавајте на искрите. Држете го алатот
така што искрите ќе летаат подалеку од вас,
други лица или запаливи материјали.
26. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
27. Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
28. Почитувајте ги упатствата на
производителот за правилно монтирање и
користење на тркалата. Бидете внимателни
кога ракувате со тркалата и кога ги
одложувате.
29. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
30. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
31. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
32. Секогаш стојте на цврста подлога. Уверете
се дека под Вас нема никој кога го користите
алатот на високи места.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
27 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gd0810c

Table of Contents