Makita HM002G Instruction Manual page 64

Cordless demolition hammer
Hide thumbs Also See for HM002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување на предната ламба
► Сл.5: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува
почетниот удар на минимум и овозможува
машината да се стартува глатко.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Странична дршка (помошна
дршка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете ја
страничната рачка за да обезбедите безбедна
работа.
ВНИМАНИЕ:
По монтирањето или
нагодувањето на страничната рачка, проверете
дали таа е цврсто затегната.
Страничната рачка може да се врти во вертикална
насока и да се зацврсти во која било позиција. Може
и да се нагодува во осум чекори нанапред и наназад
во хоризонтална насока. Опуштете ја клемастата
навртка за да ја свртите страничната рачка во
саканата позиција, а потоа цврсто стегнете ја.
► Сл.6: 1. Странична рачка 2. Клемаста навртка
Поставување или отстранување
бургија
Подмачкување
Исчистете го крајот на оската на бургијата
и нанесете средство за подмачкување пред
монтирањето на бургијата.
Премачкајте го крајот на оската на бургијата
однапред со мала количина маст (околу 0,5 - 1 гр).
Подмачкувањето на клинот за сопирање обезбедува
мазно работење и подолг период на сервисирање.
► Сл.7: 1. Крај на оска 2. Подмачкување
Вметнете ја бургијата во алатот. Вртете ја бургијата и
туркајте ја навнатре додека не се блокира.
Ако бургијата не може да се турне навнатре,
извадете ја бургијата. Повлечете го капакот за
ослободување надолу неколку пати. Потоа,
повторно вметнете ја бургијата. Вртете ја бургијата и
туркајте ја навнатре додека не се блокира.
По монтирањето на бургијата, секогаш проверувајте
дали е безбедно прицврстена, така што ќе се
обидете да ја извлечете.
► Сл.8: 1. Бургија 2. Капак за ослободување
За да ја извадите бургијата, повлечете го капакот
за ослободување целосно надолу и извлечете ја
нанадвор бургијата.
► Сл.9: 1. Бургија 2. Капак за ослободување
Агол на бургијата
Бургијата може да биде зацврстена под 12 различни
агли. За да го смените аголот на бургијата,
излизгајте го капакот на прстенот за менување
нанапред, потоа свртете го капакот на прстенот за
менување за да го смените аголот на бургијата. На
саканиот агол, вратете го прстенот за менување
во неговата првобитна позиција. Бургијата ќе се
прицврсти на место.
По менување на аголот на бургијата, осигурете се
дека аголот е фиксиран, така што ќе се обидете да
ја вртите бургијата.
► Сл.10: 1. Капак на прстенот за промена
Приклучок за отстранување прав
Опционален додаток
1.
Монтирајте го држачот за црево (A).
Олабавете ја клемастата навртка, а потоа извадете
ја шестаголната завртка. Монтирајте го држачот за
црево (A) помеѓу шестаголната завртка и клемастата
навртка, така што цврсто ќе ја стегнете клемастата
навртка.
► Сл.11: 1. Шестаголна завртка 2. Држач за црево
(A) 3. Клемаста навртка
2.
Прикачете ја спојката на држачот на алатот, а
потоа на неа прикачете го држачот за црево (C).
► Сл.12: 1. Спојка на држачот 2. Држач за црево
(C)
НАПОМЕНА: Зглобот за црево може да се закачи
на секоја од страните на алатот.
64 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents