Download Print this page

Makita 3711 Instruction Manual page 35

Hide thumbs Also See for 3711:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Нагодување на издаденоста на
главата на фрезата
За да ја нагодите издаденоста на бургијата,
олабавете го шрафот за стегање и поместете ја
основата нагоре или надолу по желба со вртење на
завртката за нагодување. Откако ќе завршите со
нагодување, цврсто стегнете го шрафот за стегање
за да ја прицврстите основата.
► Сл.1: 1. Основа 2. Скала 3. Издаденост на
главата 4. Стезна завртка 5. Шраф за
нагодување
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го вклучите алатот
во штекер, секогаш проверете дали алатот е
исклучен.
За да го стартувате алатот, поместете ја рачката
на прекинувачот во положбата I. За да го сопрете
алатот, поместете ја рачката на прекинувачот во
положбата O.
► Сл.2: 1. Рачка на прекинувач
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Индикаторска ламбичка
► Сл.3: 1. Индикаторска ламбичка
Индикаторската ламбичка свети зелено кога алатот
е приклучен во струја. Ако индикаторската ламбичка
не свети, главниот кабел или контролерот може
да се неисправни. Индикаторската ламбичка е
вклучена, но алатот не стартува иако е вклучен,
карбонските четки може да се изабени или
контролорот, моторот или прекинувачот ON/OFF
можеби се неисправни.
Заштита од ненамерно рестартирање
Алатот не може да се вклучи кога лостот на
прекинувачот е во положба I, дури и кога алатот е
приклучен.
Во тој момент, индикаторската ламбичка трепка
црвено и покажува дека заштитата од ненамерно
рестартирање е активна.
За да ја деактивирате заштитата од ненамерно
рестартирање, вратете го лостот на прекинувачот во
положба O.
Одлика за меко започнување
Одликата за меко стартување го сведува на
минимум почетниот удар и овозможува алатот за
стартува глатко.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Монтирање или вадење глава на фреза
ВНИМАНИЕ:
на грлото без да вметнете глава на фреза, во
спротивно, конусот на прицврстувачот ќе се скрши.
ВНИМАНИЕ:
испорачани со алатот.
Вметнете ја главата за фрезата докрај во конусот
на грлото и стегнете ја навртката на грлото со
двата клуча. За да ја извадите главата, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
► Сл.4: 1. Олабавување 2. Стегнување 3. Држење
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
го цврсто со едната рака на куќиштето. Не
допирајте го металниот дел.
Поставете ја основата врз материјалот што ќе
1.
го сечете, така што главата на фрезата нема да го
допира.
Вклучете го алатот и почекајте додека главата
2.
на фрезата не достигне целосна брзина.
Движете го алатот напред преку површината
3.
на материјалот, држејќи ја основата рамно и
напредувајќи полека додека не заврши сечењето.
► Сл.5
Кога се сечат рабови, површината на материјалот
треба да биде на левата страна од главата на
фрезата, во правец на принесување на материјалот.
► Сл.6: 1. Работен материјал 2. Правец на вртење
на главата 3. Приказ на алатот од горе
4. Правец на принесување на материјалот
Кога го користите држачот на правец или насочувачот
на фрезата, задолжително нека бидат на десната
страна во правецот на принесување на материјалот.
Така ќе бидат израмнети со страната на материјалот.
► Сл.7: 1. Правец на принесување на материјалот
2. Правец на вртење на главата 3. Работен
материјал 4. Држач на правец
НАПОМЕНА: Ако го движите алатот премногу брзо
нанапред, засекот ќе биде со слаб квалитет или може да
се оштетат главата или моторот на фрезата. Ако пополека
го движите алатот нанапред, може да се изгори и уништи
засекот. Правилната брзина на принесување на материјалот
ќе зависи од големината на главата, видот на материјалот
и длабочината на засекот. Пред да почнете да сечете на
самиот материјал, се препорачува да направите мала
проба на отпадно парче дрво. Така ќе се види точно како ќе
изгледа засекот и ќе можете да ги проверите димензиите.
35 МАКЕДОНСКИ
Пред да работите нешто на
Не стегнувајте ја навртката
Користете ги само клучевите
Алатот секогаш држете

Advertisement

loading