Makita CG100D Instruction Manual page 41

Hide thumbs Also See for CG100D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Бирач за нагодување на брзината
► Сл.4: 1. Бирач за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се нагодува со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Највисоката
брзина е на 5, а најниската на 1.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вртете го бирачот брзо кога
алатот работи.
ЗАБЕЛЕШКА:
Во зависност од видот и
состојбите на материјалот за заптивање, тој
може да не се нанесе при ниска брзина. Во овој
случај, поставете го бирачот за нагодување на
брзината на повисока бројка.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја менувате брзината
на бирачот од „5" на „1", свртете го бирачот
налево. Не вртете го бирачот надесно со сила.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.5: 1. Ламбичка
За да ја вклучите ламбичката, малку повлечете го
прекинувачот за стартување и потоа отпуштете го.
Ламбичката ќе се исклучи приближно 10 секунди по
отпуштањето на прекинувачот за стартување.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога алатот е прегреан,
ламбата трепка. Целосно оладете го алатот
пред повторно да работите со него.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Ламбичка за предупредување за
преоптовареност
► Сл.6: 1. Ламбичка за предупредување
Ламбичката за предупредување трепка кога алатот
е премногу натоварен. Доколку оптоварувањето се
зголеми и алатот е преоптоварен, тој автоматски
ќе запре, а ламбичката за предупредување
продолжува да свети. Во овој случај, отпуштете
го прекинувачот за стартување и отстранете
ја причината на преоптоварувањето, а потоа
рестартирајте го алатот.
НАПОМЕНА: Кога ламбичката за предупредување
трепка, проверете го следново:
Материјалот за заптивање е затнат.
Бирачот за нагодување на брзината е
поставен на голема брзина.
Исечениот дел на врвот на млазницата
од касетата или обложеното пакување е
премногу мал.
Функција за спречување капење
Моторот продолжува да работи уште кратко
време дури и откако ќе се отпушти прекинувачот.
Го ослободува притисокот на материјалот за
заптивање и спречува капење.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
држачот за големина од 300 ml
Монтирање или отстранување на
зглобот на држачот
Прикачете ги зглобот на држачот и плочата со добро
прицврстување на шрафовите. За да го отстраните
зглобот на држачот, следете ја постапката за
монтирање по обратен редослед.
► Сл.7: 1. Шраф 2. Плоча 3. Зглоб на држачот
Монтирање или отстранување на
шипката и дискот
1.
Вметнете ја шипката од задната страна на
алатот со запците свртени надолу.
► Сл.8: 1. Кратка шипка
2.
Прикачете го дискот A со шрафот.
► Сл.9: 1. Шраф 2. Диск A 3. Кратка шипка
ЗАБЕЛЕШКА:
материјалот за заптивање за држачот за
големина од 300 ml е само касета. Поставете го
дискот A на шипката.
За да ги извадите шипката и дискот, следете ја
постапката за поставување по обратен редослед.
Монтирање или отстранување на
држачот
ВНИМАНИЕ:
зглобот на држачот. Во спротивно, држачот
може да испадне за време на работата и да
предизвика повреда.
За монтирање на држачот, завртете го цврсто
надесно додека не запре, држејќи го зглобот на
држачот. За да го отстраните држачот, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
► Сл.10: 1. Држач
41 МАКЕДОНСКИ
Пред секое дотерување или
Достапниот тип сад на
Прицврстете го држачот на

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents