Download Print this page

Makita CJ101D Instruction Manual page 147

Hide thumbs Also See for CJ101D:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
предупредувањата и упатствата може да доведе до
струен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Намена
Јакната со греење се користи за загревање на телото
во ладни средини.
Општи безбедносни предупредувања
• Децата, лицата со посебни потреби или кој било
друг што е нечувствителен на топлина, на пример
лице со слаба циркулација на крвта, не смее да ја
користат јакната.
• Јакната не смее да се користи за други намени, туку
само за пропишаната намена.
• Никогаш немојте да ја користите јакната доколку
нејзината внатрешност е влажна.
• Не носете ја јакната директно на гола кожа.
• Доколку почувствувате нешто необично, исклучете
ја јакната и веднаш извадете го држачот на
батеријата.
• Не дозволувајте кабелот за напојување да се
превитка. Оштетениот кабел може да предизвика
електричен удар.
• Доколку се открие каква било неправилност,
контактирајте го вашиот локален сервисен центар
за поправка.
• Немојте да користите игли или слични предмети.
Може да дојде до оштетување на каблите внатре во
јакната.
• Чувајте ги етикетите и плочката со името за
одржување. Доколку станат нечитливи или ги
загубите, контактирајте го вашиот локален
сервисен центар за поправка.
• Изберете соодветно нагодување на температурата
во согласност со корисничката околина за
континуирана употреба.
• Касетата на батеријата, батеријата и конекторите не
смее да се дозволи да се навлажнат за време на
миењето и сушењето.
• Уредот не смее да се користи од страна на млади
деца освен ако контролите не биле однапред
поставени од страна на родител или старател, или
ако детето не било адекватно упатено во тоа како
да ги користи контролите безбедно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се избегне можноста од
срцев удар, исклучете ја облеката кога се движите во
околина со многу повисока температура.
ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ: Внимателно проверете ја
ознаката
во внатрешниот дел на облеката. Не
ставајте игли на облеката во надворешниот или
внатрешниот дел.
• Извадете ги батериите од јакната пред да ги
полните.
• Извадете ги потрошените батерии од јакната и
фрлете ги во отпад на безбеден начин.
• Пред да ја складирате јакната за подолг период,
извадете ги батериите.
• Не преспојувајте ги спроводливите контакти.
Перење
• Кога ја перете јакната, следете ги упатствата на
етикетата за претпазливост на јакната.
• Пред да започнете со чистење на јакната, извадете
ги држачот на батерија и касетата на батеријата, а
потоа, поставете го кабелот за напојување во џебот
од држачот на батерија и затворете го стегачот.
• Препорачано време за перење и сушење: перењето
треба да трае 63 минути (55 минути перење и
8 минути сушење со центрифуга), а сушењето во
машина за сушење алишта со низок степен на
топлина треба да трае 30 минути.
Безбедност на работната околина
• Работната околина одржувајте ја чиста и добро
осветлена. Неуредните или темни околини го
зголемуваат ризикот од несреќи.
Електрична безбедност
• Не изложувајте ја јакната на дожд или влажни
услови. Ако навлезе вода во јакната, тоа може да го
зголеми ризикот од електричен удар.
• Немојте да го злоупотребувате кабелот за
напојување. Никогаш не користете го кабелот за
носење, влечење или за исклучување на јакната.
Кабелот треба да биде подалеку од топлина, масло
и предмети со остри рабови.
• Не поврзувајте го изворот на електрична енергија
со отворот за USB. Во спротивно, постои ризик од
пожар. Отворот за USB е наменет само за полнење
уреди со низок напон. Секогаш поставувајте го
капакот на отворот за USB кога не се врши полнење
на уредот со низок напон.
• Не вметнувајте игли, жица и сл. во отворот за USB
за снабдување со електрична енергија. Во
спротивно, може да дојде до краток спој кој може да
предзивика чад и пожар.
Лична безбедност
• Бидете внимателни, гледајте што работите и
размислувајте логички кога ја користите јакната. Не
користете ја јакната кога сте изморени или под
влијание на наркотични средства, алкохол или
лекови. Еден момент на невнимание при
ракувањето со јакната може да резултира со
сериозна лична повреда.
Употреба и грижа за јакната
• Не користете ја јакната ако прекинувачот не може
да се вклучи и исклучи. Јакната што не може да се
контролира со прекинувачот е опасна и мора да се
поправи.
• Одржувајте ја јакната. Проверете дали има скршени
делови и какви било други состојби што може да
влијаат врз функционирањето на јакната. Ако е
оштетена, поправете ја јакната пред употреба.
• Користете ја јакната во согласност со овие упатства
имајќи ги предвид работните услови и работата што
треба да се изврши. Користењето на јакната за
работи поинакви од нејзината намена може да
доведе до опасни ситуации.
• Ако врската на осигурувачот е прекината, вратете ја
јакната кај наш овластен сервисен центар за да
биде поправена.
• Кога не се користи, сторете го следново:
- Дозволете да се олади пред да ја здиплите.
- Не набирајте го уредот со поставување предмети
врз него.
147

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Cj100dDcj200Dcj201