Makita DUH501 Instruction Manual page 52

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH501:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Држете го алатот само за изолираните држачи
затоа што сечилото може да дојде во допир со
скриени жици. Ако сечилата дојдат во допир со жица
под напон, може да се пренесе струјата до изложените
метални делови на алатот и да се предизвика струен
удар кај лицето што ракува со алатот.
4.
ОПАСНОСТ - Држете ги рацете настрана од
сечилото. Контактот со сечилото ќе резултира
со сериозна телесна повреда.
5.
Не користете ја фрезата за жива ограда
на дожд или во влажни и мокри услови.
Електромоторот не е водоотпорен.
6.
Корисниците-почетници треба да бидат обучени
од искусен корисник на фрезата за жива ограда
кој треба да им покаже како се користи фрезата.
Фрезата за жива ограда не смеат да ја користат
7.
деца или млади лица под 18-годишна возраст.
Младите лица над 16-годишна возраст може да
бидат исклучени од ова ограничување кога се
обучуваат под надзор на стручно лице.
Ракувајте со фрезата за жива ограда само
8.
ако сте во добра физичка состојба. Ако сте
уморни, вашето внимание ќе биде намалено.
Бидете особено внимателни на крајот од
работниот ден. Сите работи изведувајте ги
смирено и внимателно. Корисникот е одговорен
за сите штети нанесени на трети страни.
9.
Никогаш не користете ја фрезата кога
сте под влијание на алкохол, наркотични
средства или лекарства.
10. Работните кожни ракавици се дел од основната
опрема на фрезата за жива ограда и мора да се
носат кога се работи со неа. Исто така, носете
обувки со дебел ѓон што не се лизгаат.
11.
Пред да започнете со работа, проверете и
осигурете се дека фрезата е безбедна и е
во добра работна состојба. Осигурете се
дека штитниците се правилно поставени.
Фрезата за жива ограда не смее да се
користи освен ако не е целосно составена.
12. Осигурете стабилна потпора со стапалата
пред да почнете со работа.
13. Држете го алатот цврсто кога го користите.
14. Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
15. Веднаш исклучете го моторот и извадете
ја касетата за батерија ако сечилото дојде
во допир со цврста ограда или друг тврд
предмет. Проверете дали е оштетен секачот
и ако е оштетен, веднаш поправете го.
16. Секогаш пред да го проверите секачот,
да поправате дефекти или да отстраните
материјали заглавени во секачот, исклучувајте
ја фрезата и вадете ја касетата за батерија.
17. Исклучете ја фрезата и извадете ја касетата
за батерија пред да изведете какво било
одржување.
18. Кога ја преместувате фрезата за жива
ограда на друго место, вклучувајќи и за
време на работата, секогаш вадете ја
касетата за батерија и поставувајте го
капакот за сечилото на сечилата. Никогаш
не носете ја и не транспортирајте ја фрезата
додека секачот е во движење. Никогаш не
фаќајте го секачот со вашите раце.
19. Чистете ја фрезата за жива ограда и
особено секачот, по употребата и пред
складирање на фрезата за подолги
периоди. Подмачкајте го малку секачот
и поставете го капакот. Капакот што се
испорачува со уредот може да се обеси на ѕид
со што се обезбедува безбеден и практичен
начин за чување на фрезата за жива ограда.
20. Складирајте ја фрезата за жива ограда со
поставен капак во сува просторија. Држете
го подалеку од дофат на деца. Никогаш не
складирајте ја фрезата на отворено.
21. Никогаш не насочувајте ги сечилата за
стрижење кон себе или кон другите.
22. Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
23. Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
24. Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги
локалните прописи за можни упатства за
специјален отпад.
25. Не отворајте ги и не уништувајте ги
батериите. Електролитот што се ослободува
е корозивен и може да предизвика
оштетување на очите или кожата. Може да е
токсичен ако се голтне.
26. Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
27. Проверете дали има туѓи предмети во
живата ограда и грмушките, како на пример,
жичени огради или сокриени кабли, пред да
започнете со работата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
52 МАКЕДОНСКИ
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh601Duh751Duh502Duh602Duh752

Table of Contents