Makita HS7601 Instruction Manual page 37

Hide thumbs Also See for HS7601:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да го извадите сечилото, притиснете ја блокадата
на оската такашто сечилото да не може да се врти
и употребете имбус-клуч за олабавување на имбус-
завртката вртејќи налево. Потоа извадете ги имбус-
завртката, надворешната фланша и сечилото.
► Сл.13: 1. Внатрешна фланша 2. Сечило за пила
3. Надворешна фланша 4. Шестоаголна
завртка
Кога го заменувате сечилото, исто така исчистете
ги горниот и долниот заштитник од насобраните
отпадоци. Сепак, тоа не го заменува правилото дека
треба секогаш да го проверувате долниот заштитник
дали работи пред секоја употреба.
За алат со внатрешна фланша
за сечило различно од оние со
дијаметар на дупката од 15,88 мм
► Сл.14: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило за пила 4. Надворешна
фланша 5. Шестоаголна завртка
Внатрешната фланша има одредена испакнатина од
дијаметарот на една страна и друга испакнатина на
другата страна. Изберете ја правилната страна со
испакнатината што идеално одговара на дупката на
сечилото.
Следно, монтирајте ја внатрешната фланша врз
монтажната оска такашто правилната страна
со испакнатината на внатрешната флаша е
свртена нанавор, и потоа поставете ги сечилото и
надворешната фланша.
ВНИМАВАЈТЕ ДОБРО ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ИМБУС-
ЗАВРТКАТА ВО НАСОКА НА СТРЕЛКИТЕ НА
ЧАСОВНИКОТ.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека испакнатината „a" на
внатрешната фланша што е поставена
надвор, идеално одговара на дупката на
сечилото „a". Ако сечилото се монтира на
погрешната страна, може да настанат опасни
вибрации.
За алат со внатрешна фланша за
сечило на пила со дијаметар на
дупка од 15,88 мм (конкретно за
држава)
► Сл.15: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило за пила 4. Надворешна
фланша 5. Шестоаголна завртка
► Сл.16: 1. Монтажна оска 2. Внатрешна фланша
3. Сечило за пила 4. Надворешна
фланша 5. Шестоаголна завртка
6. Прстен
Монтирајте ја внатрешната фланша, со нејзината
испакната страна свртена нанадвор, врз монтажната
оска и потоа, поставете ги сечилото на пилата (со
монтиран прстен ако е потребно), надворешната
фланша и имбус-завртката.
ЦВРСТО СТЕГНЕТЕ ЈА ИМБУС-ЗАВРТКАТА
ВРТЕЈЌИ ЈА НАДЕСНО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да го монтирате сечилото на
вретеното, секогаш осигурувајте се да
е монтиран точниот прстен за дупката
за вратило на сечилото што сакате да
го користите помеѓу внатрешната и
надворешната фланша. Ако се користи
неправилен прстен за дупката за вратило,
може неправилно да се монтира сечилото
и со тоа да се предизвика движење и
интензивни вибрации на сечилото што може
да резултира со губење на контролата за
време на работата и тешка телесна повреда.
Складирање на имбус-клучот
► Сл.17: 1. Имбус клуч
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
Поврзување правосмукалка
(опционален додаток)
► Сл.18: 1. Распрскувач на прав 2. Шраф
► Сл.19: 1. Вакуумски чистач 2. Црево
Кога сакате да извршите чисто сечење, на вашиот
алат повзете вакуумска смукалка Makita. Монтирајте
го распрскувачот на алатот со помош на завртката.
Потоа, поврзете го цревото на правосмукалката на
распрскувачот, како што е прикажано на сликата.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Кога вршите сечење, носете маска за прав.
Внимавајте да го движите алатот напред во
права линија и нежно. Прекумерната сила
или искривувањето на алатот ќе резултира со
прегревање на моторот, и опасен повратен
удар што би можело да доведе до тешки
повреди.
Секогаш користете ги предната дршка и
задната дршка и цврсто држете го алатот за
предната дршка и задната дршка за време на
работењето.
► Сл.20
Цврсто држете го алатот. Алатот има предна дршка
и задна дршка. Користете ги обете за добар фат на
алатот. Ако пилата се држи со двете раце, тие не
можат да бидат пресечени од сечилото. Поставете
ја основата врз материјалот што ќе го сечете, со тоа
што сечилото не смее да го допира. Потоа вклучете
го алатот и почекајте додека сечилото достигне
целосна брзина. Сега, едноставно придвижете го
алатот нанапред долж површината на материјалот
што се сече при тоа одржувајќи го праволиниски и
напредувајќи бавно додека сечењето не заврши.
За добивања чисти пресечени парчиња, држете
ја линијата на сечење права и брзината на
напредување контантна. Ако сечењето не ја следи
вашата планирана линија на сечење, не обидувајте
37 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents