4.
Користењето универзален зглоб или
продолжно вратило донекаде може да ја
намали силата за стегање на ударниот
одвртувач. Тоа ќе го надоместите, така што ќе
стегате подолго време.
5.
Начинот на држењето на алатот или положбата
на завртката во однос на материјалот ќе
влијаат врз вртежниот момент.
6.
Ракувањето со алатот при ниска брзина ќе
предизвика намалување на моментот на
затегнување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Приклучок за удар
•
Продолжно вратило
•
Универзален зглоб
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
•
Осигурувач, сет од 4 (само за DTW701)
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
58 МАКЕДОНСКИ