Makita DUN500W Instruction Manual page 69

Cordless pole hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUN500W:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Лична заштитна опрема
Работните кожни ракавици се дел од
1.
основната опрема на фрезата за жива
ограда и мора да се носат кога се работи со
неа. Исто така, носете обувки со дебел ѓон
што не се лизгаат.
Носете заштита за уши, како на пример
2.
тампони за уши, за да спречите загуба на
слухот.
3.
Носете заштитни очила, безбедносен шлем
и заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
4.
При допирање на ножевите или нагодување
на аголот на ножевите, носете заштитни
ракавици. Ножевите може да нанесат
сериозни исеченици на голите раце.
Работење
Секогаш користете две раце за да работите
1.
со алатот кој има две рачки. Користењето
на една рака може да предизвика губење
контрола и да резултира со сериозна телесна
повреда.
Додека работите со алатот, секогаш
2.
осигурајте се дека работната позиција е
безбедна и сигурна. Пресегнувањето со
алатот, особено од скала, е многу опасно.
Не работете качени на структура што се
ниша или не е стабилна.
Немојте истовремено да носите повеќе
3.
ремени за појас и/или ремени за рамо кога
работите со алатот.
4.
При работењето, држете ги луѓето и
животните што се наоѓаат во близина на
растојание од најмалку 15 м од алатот.
Исклучете го алатот веднаш штом некој се
приближи.
5.
Ако алатот за сечење удри во било каков
предмет или ако алатот започне да прави
невообичаен звук или вибрација, исклучете
го алатот и веднаш извадете ја касетата за
батерија и оставете го алатот да застане. А
потоа преземете ги следниве чекори:
Проверете дали има оштетувања
проверете ги и прицврстете ги сите
олабавени делови
заменете ги или поправете ги сите
оштетени делови со оригинални
резервни делови.
Користете го алатот само за неговата
6.
предвидена намена. Не користете го алатот
за никаква друга цел.
7.
Исклучете го алатот и извадете ја касетата
за батерија пред:
чистење или кога чистите заглавени
остатоци,
проверка, одржување или работење со
алатот,
прилагодување на работната позиција
на сечилата за стрижење,
да го оставите алатот без надзор.
Осигурајте се дека алатот е правилно
8.
поставен во предвидената работна позиција
пред да го стартувате алатот.
9.
Не работете со алат со оштетени или
значително изабени сечила за стрижење.
10. Секогаш проверете дали сите рачки
и штитници се поставени пред да го
користите алатот. Никогаш не се обидувајте
да користите некомплетен алат или алат со
неовластена измена.
11.
Секогаш бидете свесни за вашата околина
и бидете внимателни за можните опасности
за кои можеби не сте биле свесни поради
бучавата на алатот.
12. Внимавајте случајно да не допрете метална
ограда или други тврди предмети за време
на работењето. Сечилото ќе се скрши и може
да предизвика тешка повреда.
13. Избегнувајте ненамерно стартување. Не
го носете алатот кога касетата за батерија
е монтирана и со прст на прекинувачот.
Осигурајте се дека прекинувачот е исклучен
кога ја монтирате касетата за батерија.
14. Не фаќајте ги изложените сечила или
рабови за сечење кога го кревате или
држите алатот.
15. Не форсирајте го алатот. Работата ќе биде
подобро завршена и со помал ризик од
повреда работејќи со темпо за кое е наменета.
16. Не користете го алатот на дожд или во
влажни и мокри услови. Електромоторот не е
водоотпорен.
17. Држете го алатот цврсто кога го користите.
18. Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
19. Секогаш пред да ги проверите сечилата
за стрижење, да поправате дефекти или
да отстраните материјали заглавени во
сечилата за стрижење, исклучувајте го
алатот и вадете ја касетата за батерија.
20. Никогаш не насочувајте ги сечилата за
стрижење кон себе или кон другите.
21. Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
Одржување и чување
1.
Кога алатот е стопиран за сервисирање,
проверка или складирање, исклучете го
алатот и извадете ја касетата за батерија и
осигурајте се дека сите движечки делови се
застанати. Дозволете алатот да се излади
пред да правите каква било проверка,
прилагодување и тн.
2.
Секогаш оставајте ја косилката да се излади
пред да ја складирате.
3.
Кога не се користи, поставете го капакот за
сечилото на алатот и складирајте го алатот
во затворена просторија, на суво и високо
или заклучено место, подалеку од дофат на
деца.
69 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dun600l

Table of Contents