Makita PDC1200 Instruction Manual page 229

Portable power pack
Hide thumbs Also See for PDC1200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Доколку уредот или поврзаниот алат
или машина се оставени 8 часа без надзор, уредот
автоматски ќе се исклучи.
Ламбичката за главно напојување трепка зелено под
следниве услови:
Приклучокот на адаптерот или алатот/
машината за напојување не е поврзан во
штекерот на уредот.
Во овој случај, поврзете го приклучокот на
адаптерот или алатот/машината за напојување
во штекерот на уредот.
Батеријата е празна.
Во овој случај, наполнете го уредот.
Батеријата е прегреана или температурата на
уредот е ниска.
Во овој случај, изладете го уредот или загрејте
го.
Доколку ламбичката за главно напојување
наизменично трепка црвено и зелено, исклучете
го напојувањето, а потоа вклучете го. Доколку
ламбичката за главно напојување наизменично
трепка црвено и зелено по вклучување на
напојувањето, побарајте го вашиот локален
овластен сервисен центар на Makita за поправка.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за напојување на уредот
за да се прикаже преостанатиот капацитет на
батеријата. Индикаторските ламбички светнуваат
околу 5 секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
Преостанат
капацитет
Трепка
од 75% до
100%
од 50% до
75%
од 25% до
50%
од 0% до
25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
229 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Доколку алатот или машината
имаат ламбичка на индикаторот за преостанатиот
капацитет на батеријата, не погледнувајте
во ламбичките на индикаторот од алатот или
машината, туку во ламбичките на индикаторот од
уредот.
НАПОМЕНА: Ако повеќе ламбички на индикаторот
трепкаат, батеријата е прегреана. Во овој случај,
оладете ја батеријата.
Систем за заштита на алатот/
машината/батеријата
Алатот или машината е опремена со систем за
заштита на алатот или машината и батеријата.
Овој систем автоматски го прекинува напојувањето
на моторот за да го продолжи работниот век на
алатот или на машината и на батеријата. Алатот
или машината автоматски ќе се исклучи за време
на работењето ако тој, машината или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот, машината или батеријата, се
работи на начин што предизвикува повлекување
прекумерно висока струја, алатот или машината
автоматски се исклучува. Во таква ситуација,
исклучете го алатот или машината и запрете
со примената што предизвикала нивно
преоптоварување. Потоа, вклучете го алатот или
машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога алатот, машината или батеријата се прегреани,
алатот или машината автоматски запира. Во
овој случај, оставете ги алатот или машината
и батеријата да се оладат пред повторно да ги
вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен, алатот
или машината автоматски запира, а ламбичката на
индикаторот трепка кога ќе го притиснете копчето за
напојување. Во овој случај, извадете ја батеријата
од алатот или машината и наполнете ја батеријата.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents