AEG ACS18B30 Original Instructions Manual page 251

Hide thumbs Also See for ACS18B30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
се подигне и да се потпре на гранки, трупци или потпирачи.
Следете ги едноставните упатства за лесно сечење. Кога
трупецот е поставен по целата негова должина, тој се сечи од
горната страна (горно сечење).
Кога трупецот е потпрен од едната страна, пресечете 1/3
од дијаметарот од долната страна (долно сечење). Потоа
довршете го сечењето со сечење од горната страна сѐ додека
не дојдете до долниот засек.
Кога трупецот е потпрен од двете страни, пресечете 1/3 од
дијаметарот од горната страна (горно сечење). Потоа довршете
го сечењето со сечење од долната страна на останатите 2/3 сѐ
додека не дојдете до горниот засек.
Кога сечењето го правите на удолница, секогаш застанете на
повисоката страна од трупецот. За да ја задржите контролата
кога „сечете низ", ослободете го притисокот на сечење блиску
до крајот на засекот без да го олабавите стисокот на рачките
од пилата. Внимавајте синџирот да не ја допира земјата. Кога
ќе завршите со сечењето, почекајте синџирот да застане пред
да ја носите пилата на друго место. Секогаш исклучувајте го
моторот пред да преминете на сечење ново дрво.
Отстранување гранки од дрво
Види слики 12-8
Ова се однесува на отстранување на гранките од паднато дрво.
При овој вид сечење, оставете ги поголемите пониски гранки
како потпора на трупецот на земјата. Отстранете ги малите
гранки со едно сечење. Гранките под притисок треба да се
сечат од дното нагоре за да не се заплеткаат во пилата.
Свиткани делови
Види слика 14.
Свиткан дел може да биде трупец, гранка, трупец со корен или
фиданка која е свиткана под притисок од друго дрво или дел од
дрво и може да скокне наназад доколку дрвото што ја држи се
сече или се отстрани.
На сечено дрво, кога се разделува трупецот од коренот, постои
голема можност трупецот со корен да се врати во исправена
положба. Внимавајте на свитканите делови - тие се опасни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Свитканите делови од дрва
се опасни и може да го удрат ракувачот и тој да изгуби
контрола над пилата. Ова може да доведе до тешка или
смртоносна повреда на ракувачот. Ова треба да се прави
од страна на обучени корисници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ
Некои региони имаат прописи кои ја ограничуваат употребата
на производот. Побарајте совет од локалните власти.
Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не се запознаени
со упатствата да го користат производот. Локалните прописи
може да ја органичат возраста на ракувачот.
Пред секоја употреба, проверете дали сите контролни копчиња
и безбедносни уреди работат правилно. Не го користете
производот доколку моторот не запира кога прекинувачот е
свртен на „off" (исклучено).
При ракување со производот носете целосна заштита за очи
и слух, силни и цврсти чизми и ракавици, како и заштита за
главата. Користете маска за лице доколку се крева прашина
при ракувањето.
Користењето на заштита за слух ја намалува способноста за
слушање предупредувања (викање или аларми). Ракувачот
мора да обраќа зголемено внимание на она што се случува во
работниот простор.
Стојте цврсто на нозе и држете рамнотежа. Не се посегнувајте.
Посегнувањето може да доведе до губење рамнотежата и
може да го зголеми ризикот од повратен удар.
Не носете широка облека, кратки панталони или накит.
Заврзете ја долгата коса над рамената за да не ви се заплетка
во подвижните делови.
Внимавајте на предмети кои се фрлени, кои летаат или паѓаат.
Сите набљудувачи, деца и животни треба да бидат оддалечени
најмалку 15 метри од работниот простор.
Не ракувајте со производот при слабо осветлување. Ракувачот
треба да има чист видик на работниот простор за да може да ги
идентификува потенцијалните опасности.
Ракувањето со слични алати во близина ги зголемува ризикот
од повреда на слухот и можноста други лица да влезат во
вашиот работен простор.
Секој дел од телото држете го настрана од подвижните делови.
Проверете го производот пред секоја употреба. Проверете
дали сите контролни копчиња, вклучувајќи го и уредот за
кочење, правилно работат. Проверете дали се разлабавени
вглавувачите и погрижете се сите штитиници и рачки да се
правилно и безбедно прицврстени. Пред употреба, заменете ги
сите оштетени делови.
Не правете никаква измена на производот ниту користете
делови и додатоци кои не се препорачани од страна на
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако производот падне, претрпи
сериозен удар или почне невообичаено да вибрира,
веднаш запрете го производот, проверете дали има некакво
оштетување или откријте ја причината за вибрирањето.
Секое оштетување треба правилно да се поправи или
замени во овластен сервисен центар.
Не ги фрлајте потрошените батерии во домашниот отпад и не ги
горете. Дистрибутерите на AEG нудат обновување на старите
батерии со цел да ја заштитат нашата животна средина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (постои
ризик од краток спој).
Користете исклучиво полнач AEG BL1218 за полнење на
батериите. Не користете батерии од други системи.
Компатибилни батерии:
L1815R, L1820R, L1825R, L1830R, L1840R, L1850R, L1860R
При значително оптоварување или екстремни температури,
киселината од оштетените батерии може да протече. Во случај
на контакт со киселината од батериите, веднаш измијте се со
сапун и вода. Во случај на контакт со очите, плакнете ги очите
најмалку 10 минути и веднаш побарајте медицинска помош.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАТЕРИЈАТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од
пожар, телесна повреда и оштетување на производот како
резултат на краток спој, алатот, батериите и полначот
никогаш не ги потопувајте во течност и не дозволувајте
течност да влезе во нив. Корозивни или проводни
течности како што се морска вода, одредени индустриски
хемикалии, белила или производи кои содржат белила
итн. може да доведат до краток спој.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и кога производот се користи онака како што е пропишано,
сепак е невозможно целосно да се елиминираат одредени
преостанати ризични фактори. Следните опасности може да се
појават во текот на користењето и ракувачот треба да обрати
посебно внимание за да ги избегне следниве работи:
Повреда предизвикана од вибрации
Секогаш користете го вистинскиот алат за работа,
користете соодветни рачки и ограничете го времето за
работа и изложеноста.
Оштетување на слухот како резултат на изложеност на
МАКЕДОНСКИ
251

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

82433674

Table of Contents