AEG ACS18B30 Original Instructions Manual page 250

Hide thumbs Also See for ACS18B30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пилата е заглавена во засекот
Запрете ја пилата и направете ја безбедна. Не се обидувајте
насилно да ги извлечете синџирот и мечот од засекот бидејќи
тоа може да доведе до кршење на синџирот, кој може да се
сврти наназад и да го удри ракувачот. Ова се случува бидејќи
дрвото не е правилно потпрено и како резултат на тоа засекот
се затвора под компресија и го заглавува мечот. Ако со
поместување на потпората не се ослободи мечот или синџирот,
користете дрвенa ќускија или лост за да го отворите засекот
и да ја ослободите пилата. Не ја вклучувајте пилата доколку
мечот е во засек или процеп.
Лична заштитна опрема
Види страница 23.
Користењето квалитетна и професионална лична заштитна
опрема ќе помогне да се намали ризикот од повреда на
ракувачот. При ракување со пилата, треба да се користат
следните работи:
Заштитен шлем
треба да е во согласност со EN 397 и да биде означен
со CE
Заштита за слух
треба да е во согласност со EN 352-1 и да биде означен
со CE
Заштита за очи и лице
треба да биде означено со CE и да е во согласност со
EN 166 (за заштитни очила) или EN 1731 (за заштитна
маска)
Ракавици
треба да е во согласност со EN 381-7 и да биде означен
со CE
Заштита за нозе
треба да е во согласност со EN381-5, да биде означено
со CE и да нуди целосна заштита.
Заштитни чизми за моторни пили
треба да е во согласност со EN ISO 20345:2004 и да
биде означено со штит на кој е прикажана пила заради
усогласеност со EN 381-3. (Повремени корисници
може да користат заштитни чизми со челична капна и
заштитни гамашни кои се во согласност со EN 381-9
ако теренот е рамен и има мал ризик за сопнување или
заплеткување во грмушки)
Палта за електрични пили за заштита на горниот дел од
телото
треба да е во согласност со EN 381-11 и да биде
означен со CE
УПАТСТВА ЗА ПРАВИЛНИ ТЕХНИКИ ЗА ОСНОВНО
СЕЧЕЊЕ ДРВО, ОТСТРАНУВАЊЕ ГРАНКИ И НАПРЕЧНО
СЕЧЕЊЕ
Разбирање на силите во самото дрво
Кога имате познавања од насочениот притисок и стрес во
самото дрво, може да ги намалите „заглавувањата" или да
бидете подготвени за нив за време на сечењето. Притисокот
во дрвото значи дека влакната се разделуваат и ако сечете во
овој дел, кога ќе поминете со пилата процепот или засекот ќе се
отворат. Ако трупецот е поставен на потпирач и ако едниот крај
виси без потпора, се создава притисок на горниот дел поради
тежината на висечкиот трупец што доведува до истегнување
на влакната. Исто така, долната страна од трупецот ќе биде
компресиран и влакната се притискаат едно кон друго. Ако
сечете во овој дел, за време на сечењето процепот ќе има
тенденција да се затвори. На овој начин мечот ќе заглави.
Сечење цело дрво
Види слики 1-8
250
МАКЕДОНСКИ
Кога сечењето трупци и сечењето дрва се прави од две или
повеќе лица истовремено, сечењето дрва и сечењето трупци
треба да се врши на растојание не помало од двојната висина
на дрвото што се сече. Сечењето дрва треба да се прави на
начин со кој би се избегнало загрозување на лица, удирање
во електрични кабли или нанесување имотна штета. Ако
дрвото допира некакви електрични кабли, треба веднаш да ја
известите компанијата.
Ракувачот со пилата треба да стои на повисокиот дел од
теренот бидејќи дрвото, откако ќе се отсече, најверојатно ќе се
истркала или ќе се лизне надолу.
Треба да се испланира чиста патека за бегство пред да се
почне со сечење. Патеката за бегство треба да се протега
наназад и дијагонално кон задниот дел од очекуваната линија
на паѓање на дрвото.
Пред да почнете со сечење на дрвото, земете ја предвид
природната наваленост на дрвото, локацијата на поголемите
гранки и правецот на ветерот за да утврдите во која насока ќе
падне дрвото.
Отстранете ја нечистотијата, камењата, излупената кора,
шајките, ознаките и жиците од дрвото.
Не се обидувајте да сечете гнили дрва или дрва кои се
оштетени од ветер, оган, гром, итн. Ова е многу опасно и
треба да се изврши исклучиво од страна на професионален
дрвосечач.
1. Понизок зарез
Види слики 1-6
Направете зарез 1/3 од дијаметарот на дрвото, нормално
на правецот на паѓање. Најпрво направете понизок
хоризонтален зарез. Ова ќе помогне синџирот или мечот да
не се заглават кога ќе се направи вториот зарез.
2. Сечење дрво - засек на задната страна од дрвото
Види слики 1-6
Направете го засекот на задната страна најмалку 50 mm/2
in. повисоко од хоризонталниот понизок зарез во дрвото.
Засекот на задната страна треба да биде паралелен со
хоризонталниот зарез. Со засекот треба да се остави
доволно дрво кое ќе делува како резе. Резето не му
дозволува на дрвото да се витка и да падне во погрешна
насока. Не сечете низ резето.
Кога засекот ќе се доближи до резето, дрвото треба да
почне да паѓа. Ако постои можност дрвото да не падне во
посакуваната насока или ако се навали наназад и го потфати
синџирот на пилата, престанете со сечење иако засекот на
задната страна не е довршен и користете клинови од дрво,
пластика или алуминиум за да го отворите засекот и дрвото
да падне по посакуваната линија на паѓање.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, отстранете ја пилата од
засекот, запрете го моторот, ставете ја пилата настрана и
тргнете по планираната патека за повлекување. Внимавајте
на гранките што може да ви врз главата и внимавајте на
стапалата.
Отстранување надземни корени
Види слики 7-8
Надземен корен е голем корен кој се шири од стеблото на
дрвото над земјата. Отстранете ги големите надземни корени
пред да почнете со сечење на дрвото. Прво направете
хоризонтален
засек
на
Отстранете ги исечените делови од работниот простор. Откако
ќе ги отстраните големите надземни корени, следете ја точната
процедура за сечење на дрвото.
Сечење трупец
Види слики 9-8
Ова се однесува на сечење трупец по должина. Особено е
важно подлогата да е цврста и тежината да ви е подеднакво
распределена на двете нозе. Ако е можно, трупецот треба да
коренот,
а
потоа
вертикален.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

82433674

Table of Contents