AEG ACS18B30 Original Instructions Manual page 249

Hide thumbs Also See for ACS18B30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
телото. При транспорт или складирање на пилата, секогаш
ставете ја футролата на мечот. Со соодветно ракување со
пилата ќе се намали можноста за несакан контакт со синџирот
кој се движи.
Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување на
синџирот и за заменување на додатоците. Ако синџирот е
несоодветно затегнат или подмачкан, или може да се скине или
да се зголеми шансата за повратен удар.
Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и маснотии.
Замастените и мрсни рачки се лизгави и може да доведат до
губење контрола.
Користете ја пилата само за сечење дрво. Не ја користете
пилата за работи за кои не е наменета. На пример: не ја
користете пилата за сечење пластика, ѕидни и други
видови на градежни материјали кои не се од дрво.
Употребата на пилата за работи за кои не е наменета може да
доведе до опасни ситуации.
Причини за и превенција на повратен удар:
Повратниот удар може да се случи кога врвот на мечот ќе допре
некој предмет или кога мечот ќе заглави во засекот на дрвото.
Во некои случаи контактот со врвот може да предизвика
ненадејна повратна реакција, да го фрли мечот нагоре и да го
заврти накај ракувачот.
Заглавувањето на синџирот околу врвот од мечот може нагло
да го сврти мечот наназад кон ракувачот.
И двете реакции може да предизвикаат губење контрола
врз пилата што би можело да доведе до сериозна телесна
повреда. Не се потпирајте исклучиво на безбедносните уреди
кои се вградени во самата пила. Како корисник на пила, треба
да преземете неколку чекори со кои ќе се осигурате дека
сечењето ќе се одвива без незгоди или повреди.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба на алатот
и/или неправилни оперативни процедури или услови и може да
се избегне со преземање соодветни мерки на претпазливост
како што е наведено подолу:
Цврсто држете ја пилата, со палците и другите прсти околу
рачките на пилата, со двете раце на пилата, и поставете го
телото и рацете така што ќе можете да се спротивставите на
силата на повратниот удар. Ракувачот може да ја контролира
силата на повратниот удар ако се преземат соодветни мерки на
претпазливост. Не ја испуштајте пилата.
Не посегнувајте и не сечете на висина над рамената. На овој
начин се спречува несакан контакт со врвот и се овозможува
подобра контрола врз пилата во неочекувани ситуации.
Користете резервни мечеви и синџири само по препорака
на производителот. Неправилни резервни мечеви и синџири
може да доведат до кржење на синџирот и/или до повратен
удар.
Следете ги упатствата на прозиводителот за острење
и одржување на синџирот на пилата. Намалувањето
на висината на мерачот на длабочина може да доведе до
поголема можност за појава на повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗБЕДНОСТ ЗА МОТОРНАТА ПИЛА
При ракување со производот за прв пат, за сечење трупци
препорачливо е да се користи потпорна конструкција или
потпирач.
Осигурете се дека сите држачи, рачки и шилестиот браник се
правилно вградени и се во добра состојба.
Лицата кои го користат производот треба да се во добра
здравствена состојба. Производот е тежок, така што ракувачот
мора да биде физички спремен. Ракувачот мора да биде
внимателен, да има добар вид, подвижност, рамнотежа и
умешност со рацете. Доколку имате некаков сомнеж, не
ракувајте со производот.
Не започнувајте со употреба на производот сѐ додека не
обезбедите чист работен простор, сигурен под, и испланирана
патека на повлекување надвор од просторот во којшто паѓа
дрвото.
Внимавајте на емисијата на пареа од лубрикантот и прашина од
сечењето. Доколку е потребно, носете маска или респиратор.
Не е за сечење винова лоза и/или мали грмушки (помали од 75
mm во дијаметар).
За време на ракувањето секогаш држете ја пилата со двете
раце. Цврсто фатете ја, со палците и прстите околу рачките на
пилата. Десната рака мора да биде на задната рачка, а левата
рака на предната рачка.
Пред да го вклучите производот, бидете сигурни дека синџирот
не е во допир со ништо.
Не правете никакви измени на производот и не го користете за
напојување на додатоци или уреди кои не се препорачани од
производителот.
Во близина на ракувачот треба да има кутија за прва помош
која содржи големи завои за рани и средство за повикување
внимание (на пример, свирче). Во разумна близина треба да
има поголема и поопремена кутија.
При ракување со производот, секогаш носете шлем. Шлемот,
заедно со маската за лице, може да го намали ризикот од
повреда на лицето и главата доколку дојде до повратен удар.
Доколку синџирот е неправилно затегнат, може да излезе од
мечот и може да доведе до сериозна или смртоносна повреда.
Должината на синџирот зависи од температурата. Често
проверувајте ја затегнатоста.
Треба да се навикнете на пилата со едноставни сечења на
безбедно поставено дрво. Направете го тоа секогаш кога ја
немате користено пилата некое време.
За да се намали ризикот од повреда поради контакт со
подвижни делови, запрете го моторот, повлечете ја кочницата
за синџирот, извадете ја батеријата и проверете дали сите
подвижни делови престанале да се движат секогаш пред:
чистење или одглавување
оставање на производот без надзор
поставување или отстранување додатоци
проверување, одржување или ракување со производот
Големината на работниот простор зависи од работата што
се врши како и од големината на дрвото или парчето што се
сече. На пример, за сечење дрво потребен е поголем работен
простор за разлика од другите видови сечења. како што е
сечење трупец, итн. Ракувачот мора да е свесен и да го има
под контрола сѐ она што се случува во работниот простор.
При сечење, телото не треба да е во линија со мечот и
синџирот. Во случај на повратен удар, со ова ќе се спречи
синџирот да дојде во контакт со главата или телото.
Не се движете напред-назад, туку оставете синџирот да ја
заврши работата. Синџирот нека биде секогаш наострен и не
притискајте со синџирот врз дрвото.
Не вршете притисок врз пилата на крајот на засекот. Бидете
подготвени да ја издржите тежината на пилата кога ја вадите од
дрвото. Доколку не го сторите тоа, може да дојде до сериозна
телесна повреда.
Не ја запирајте пилата среде сечење. Пилата нека работи сѐ
додека не излезе од засекот.
Туркање и повлекување
Види слика 9.
Силата на реакцијата е секогаш спротивна на правецот на
движење на синџирот. Затоа, ракувачот мора да е спремен
да ја контролира тендецијата на производот да се повлекува
(движење нанапред) при сечење со долниот раб на мечот и да
се турка наназад (кон ракувачот) при сечење со горниот раб.
МАКЕДОНСКИ
249

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

82433674

Table of Contents