Makita PDC01 Instruction Manual page 191

Portable power pack
Hide thumbs Also See for PDC01:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека капакот е
безбедно блокиран со копчето за блокирање.
Во спротивно, капакот може случајно да се
затвори и да предизвика повреда.
3.
Монтирајте ги батериите.
4.
Подигнете го капакот за да го отпуштите
копчето за блокирање, а потоа затворете го капакот
и блокирајте го со лостот.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека капакот е
безбедно затворен и блокиран. Во спротивно,
вода или дожд може да влезат во внатрешноста
на кутијата за батерии и да предизвикаат струен
удар или дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го користите уредот со
алат на батерии или машина од 36 V (18 V x 2),
монтирајте најмалку една батерија на портата
за батерии 1 или 2 и најмалку една батерија на
портата за батерии 3 или 4.
НАПОМЕНА: Уредот автоматски се префрла од
една на друга батерија од монтираните батерии.
Уредот ја избира соодветната батерија секојпат
кога алатот или машината се вклучени.
НАПОМЕНА: Кога го користите уредот со алат на
батерии или машина од 18 V, монтирајте најмалку
една касета за батерија на една од портите за
батерии.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
► Сл.3: 1. Порта за батерии 2. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од уредот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од уредот, предизвикувајќи
ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
191 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents