Makita DRT50 Instruction Manual page 66

Cordless trimmer
Hide thumbs Also See for DRT50:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
РАБОТЕЊЕ
Користење на алатот со основата
за фреза
Поставете ја основата на алатот врз работниот
материјал, така што главата на фрезата нема да
го допира. Вклучете го алатот и почекајте додека
главата не достигне целосна брзина. Движете го
алатот нанапред преку површината на работниот
материјал. Држете ја основата на материјалот рамно
додека го движите алатот.
Кога се сечат рабови, површината на работниот
материјал треба да биде на левата страна од
главата на фрезата, во правец на принесувањето на
материјалот.
► Сл.40
НАПОМЕНА: Пред сечење на работниот
материјал, се препорачува да се направи пробно
сечење. Правилната брзина на принесување на
материјалот ќе зависи од големината на главата
на фрезата, видот на работниот материјал
и длабочината на засекот. Ако го движите
алатот премногу брзо нанапред, пресекот ќе
биде со слаб квалитет или може да се оштетат
бургијата или моторот. Ако пополека го движите
алатот нанапред, може да се изгори и уништи
површината за сечење.
Кога ги користите чевелот на фрезата, рамниот
насочувач или насочувачот на фрезата мора
да биде од десната страна во правец на
принесувањето. Така ќе бидат израмнети со
страната на работниот материјал.
► Сл.41: 1. Глава на фреза 2. Работен материјал
3. Насочувач на правец
ЗАБЕЛЕШКА:
Бидејќи прекумерното сечење
може да предизвика преоптоварување на
моторот или тешкотии во контролирањето
на алатот, кога сечете жлебови, длабочината
на засекот не треба да биде поголема од
3 мм на поминување. Кога сакате да сечете
жлебови подлабоки од 3 мм, направете неколку
поминувања со прогресивно подебели поставки
на главата.
Користење на рамниот насочувач
Опционален додаток
1.
Прикачете го рамниот насочувач со завртката и
крилестата навртка.
► Сл.42: 1. Завртка 2. Крилеста навртка
2.
Монтирајте го рамниот насочувач на основата
на фрезата со помош на стезната завртка.
► Сл.43: 1. Стезна завртка
3.
Олабавете ја крилестата навртка на рамниот
насочувач и нагодете го растојанието помеѓу
бургијата и рамниот насочувач. На саканото
растојание, стегнете ја крилестата навртка.
► Сл.44: 1. Крилеста навртка
4.
Движете го алатот со рамниот насочувач
израмнет со страната на работниот материјал.
► Сл.45
Ако растојанието (A) меѓу страната на работниот
материјал и положбата на сечење е премногу
големо за рамниот насочувач или ако страната на
работниот материјал не е права, не може да се
користи рамниот насочувач.
Во тој случај, цврсто стегнете права плоча на
работниот материјал и користете ја како рамен
насочувач на основата на фрезата. Принесувајте
материјал во алатот во правец на стрелката.
► Сл.46
Користење на рамниот насочувач
за циркуларно сечење
За циркуларно сечење, склопете го рамниот
насочувач како што е прикажано на сликите.
Минималниот и максималниот радиус на круговите
што треба да се исечат (растојанието помеѓу
центарот на кругот и центарот на главата) се
следниве:
Минимално: 70 мм
Максимално: 221 мм
За сечење кругови со радиус од 70 мм и 121 мм.
► Сл.47: 1. Средишен отвор
За сечење кругови со радиус од 121 мм и 221 мм.
► Сл.48: 1. Средишен отвор
НАПОМЕНА: Кругови со радиус од 172 мм и 186
мм не може да се сечат со користење на овој
насочувач.
Порамнете го средишниот отвор на насочувачот на
правец со центарот на кругот што треба да се исече.
Вметнете шајка со дијаметар помал од 6 мм во
средишниот отвор за да го прицврстите насочувачот
на правец. Вртете го алатот околу шајката во насока
надесно.
► Сл.49: 1. Шајка 2. Средишен отвор
Користење на насочувачот на
шаблон
Опционален додаток
Насочувачот на шаблон овозможува повторливо
сечење со шеми на шаблон, користејќи шаблон.
1.
Олабавете ги завртките на основната плоча и
потоа отстранете ја основната плоча од основата на
фрезата.
2.
Поставете го насочувачот на шаблонот на
основата и потоа прикачете ја основната плоча
стегнувајќи ги завртките.
► Сл.50: 1. Основна плоча 2. Насочувач на шаблон
3.
Ставете го алатот на шаблонот и движете го
алатот, така што насочувачот на шаблон ќе се лизга
долж страната на шаблонот.
► Сл.51
66 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents