Makita PLM4626N Instruction Manual page 233

Hide thumbs Also See for PLM4626N:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Се препорачува да се ограничи времетраењето на
работењето за да се сведат на минимум ризиците
од бучавата и вибрацијата.
• Внимавајте кога работите со косилката по падини и
блиску до надолнини, ендеци или насипи.
• Косете само дење или на добро вештачко светло;
• Избегнувајте работа со опремата на мокра трева,
кога е можно;
• Секогаш внимавајте како газите на стрмнини;
• Одете, никогаш не трчајте;
• Со вртливи машини на тркала, косете напречно по
падини, никогаш нагоре или надолу.
• Бидете многу претпазливи кога менувате насока на
падини;
• Не косете многу стрмни падини;
• Бидете многу претпазливи кога одите наназад или
ја влечете косилката кон себе;
• Сопрете ги сечилата ако косилката треба да се
навали за превоз кога се поминуваат површини што
не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и
од подрачјето што треба да се коси;
• Не работете со косилката ако штитниците се
оштетени или ако безбедносните делови, на пр.
одбојниците и/или собирачите на тревата, не се на
своите места;
• Внимание: Косилката не смее да се употребува ако
целиот собирач за трева или штитникот на
самозатворачкиот отвор за исфрлање не се
поставени на своето место.
• Не менувајте ги основните поставки на моторот и не
пребрзувајте го;
• Немојте да го менувате или да вршите неовластени
промени кај кое било запечатено прилагодување на
контролите за брзината на моторот.
• Безбедносните системи или карактеристики на
косилката не смеат да се подложуваат на
неовластени промени ниту пак да се
онеспособуваат.
• Откочете ги сите сечила и погонски квачила пред
да го запалите моторот;
• Запалете го моторот внимателно, според
упатството и со нозете далеку од сечилата;
• Не навалувајте ја косилката кога го палите моторот;
• Не палете го моторот кога стоите пред отворот за
исфрлување;
• Не ставајте раце или нозе близу или под вртливите
делови. Бидете подалеку од отворот за
исфрлување во секое време;
• Не кревајте ја и не носете ја косилката додека
моторот работи;
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- Пред да одглавувате блокирања или го чистите
испустот;
- Пред да ја проверувате, чистите или работите на
косилката;
- Откако ќе удрите во туѓ предмет. Проверете ја
косилката да не е оштетена и извршете ги
поправките пред да ја запалите повторно и да
работите со косилката.
- Ако косилката почне да вибрира ненормално
(проверете веднаш);
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- Секогаш кога ја оставате косилката;
- Пред полнење гориво;
• Намалете го гасот додека моторот е изгаснат и, ако
моторот има вентил за прекин на доводот на
гориво, затворете го доводот на крајот на косењето.
Одржување и чување
• Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за
да бидете сигурни дека опремата е во безбедна
работна состојба;
• Не одложувајте ја опремата со бензин во
резервоарот во објект каде што испарувањата може
да дојдат до отворен пламен или искра;
• Дозволете моторот да се олади пред да го
складирате во некој затворен простор; Чистете ја и
одржувајте ја косилката пред складирање.
• За да ја намалите опасноста од пожар, одржувајте
ги моторот, придушувачот, одделот за акумулаторот
и подрачјето за чување бензин чисти од трева,
лисја или премногу маснотии;
• Проверувајте го собирачот на тревата често да не е
изабен или истрошен;
• Заменувајте ги изабените и оштетените делови за
поголема безбедност;
• Ако резервоарот за гориво треба да се испразни,
тоа треба да се направи на отворено.
• Неправилното одржување, употребата на
несоодветни резервни делови, или отстранувањето
или модификацијата на безбедносните компоненти
може да ја оштети косилката и сериозно да ги
повреди операторите.
• Употребувајте само препорачани сечила и резервни
делови од производителот. Употребата на
неоригинални делови може да ја оштети машината
и сериозно да ги повреди операторите. Чувајте ја
косилката во добра работна состојба.
• Доколку уредот за запирање на сечилото не работи,
контактирајте го сервисниот центар за помош.
Транспортирање и ракување
• Кога со машината треба да се ракува, да се
подигне, транспортира или навали, вие мора:
- да носите цврсти работни ракавици;
- да ја држите машината за точките кои нудат
стабилно држење, имајќи ги предвид тежината и
распределувањето на тежината;
- да користите соодветен број луѓе за тежината на
машината и карактеристиките на возилото или
местото каде што треба да се складира или
собере.
• За време на транспортирањето, цврсто фиксирајте
ја машината со јажиња или синџири.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило
што се врти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полнете гориво во
добро проветрено подрачје со сопрен мотор.
233

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Plm4627nPlm4628n

Table of Contents