Македонски - Bosch 0 607 951 Series Assembly Instructions Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
OBJ_BUCH-1656-002.book Page 148 Friday, December 9, 2016 1:05 PM
148 | Македонски
Когато пневматичният двигател не може да се ползва по-
вече, го предавайте в център за вторични суровини или в
специализираната търговска мрежа, напр. в оторизиран
сервиз за електроинструменти на Бош.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
напомени пред
монтажата, користењето, поправката, одржувањето и
замената на деловите од опрема како и пред работа во
близина на пневматски монтажни мотори. Доколку не
внимавате на следните безбедносни напомени, може да
настанат сериозни повреди.
Добро чувајте го упатството за безбедносни напомени
и дадете го истите на лицето што ги користи.
Безбедносни напомени за пневматски
монтажни мотори
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на лична заштитна опрема, како
заштита при дишење, безбедносни чевли за заштита од
лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, според
упатствата на вашиот работодавец или во согласност со
работните или прописите за заштита на здравјето го
намалува ризикот од повреди.
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле алатот. Овие превентивни мерки го
спречуваат невнимателниот старт на пневматскиот
монтажен мотор.
 Излезниот воздух не го вдишувајте директно.
Внимавајте да не Ви влезе излезниот воздух во
очите. Излезниот воздух од пневматскиот монтажен
мотор може да содржи вода, масло, честички метал и
нечистотија од компресорот. Ова може да предизвика
здравствени тегоби.
 Носете ракавици. Температурата на површината на
пневматскиот монтажен мотор може да се промени.
 Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
 Држете ги дланките понастрана од погонското
вратило и вметнатиот алат. При кршење на алатот за
вметнување, исфрлените делови може да
предизвикаат повреди.
 Бидете претпазливи при ограничени работни
околности. Поради реакциските вртежни моменти
може да настане опасност од заглавување или
притискање.
 Не го преоптоварувајте пневматскиот монтажен
мотор. Работете со наведениот номинален
1 609 92A 37R | (9.12.16)
притисок.Сите арматури, кабелски врски и црева мора
да бидат така конструирани да одговараат на
притисокот и потребната количина на воздух.
 Bosch може да ја гарантира беспрекорната
функција на производот, само доколку се користи
исклучиво оригинална опрема.
Специјални безбедносни напомени за ATEX-заштитени
пневматски монтажни мотори
 Не ги користете пневматските мотори за монтажа од
групата II при подземни работи (ископ на руда) и
само со неексплозивен компресиран воздух (група
на уреди II –).
Овие пневматски монтажни мотори од група II
користете ги само во области, каде експлозивната
атмосфера од гасови, пареа, магла (G) или од
мешавина прав/воздух (D) настанува или само
повремено (зона 1 или 21) или вообичаено не
настанува одн. е краткотрајна (зона 2 или 22).
 Пневматските монтажни мотори на Bosch може да
се користат во области каде постои опасност од
експлозија од зона T5 (горна граница на околната
температура +60 °C; температура на површината на
пневматскиот монтажен мотор од макс.100 °C) и T6
(горна граница на околната температура +40 °C;
температура на површината на пневматскиот
монтажен мотор од макс. 85 °C) само во случај кога
за долната граница на околната температура се
почитуваат специјалните услови за користење.
Внимавајте, да не се пречекори околната
температура при користење на пневматскиот
монтажен мотор во зона T5 или T6, како исклучок од
наведената температура во регулативата (X),
–20 °C. При непочитување постои опасност од
експлозија.
 Користете компресиран воздух од класата на
квалитет 5 според DIN ISO 8573-1 и одделна
единица за одржување во близина на пневматскиот
монтажен мотор. Во доведениот компресиран воздух
не смее да има туѓи тела и влага, за да се заштити
монтажниот мотор од оштетување, нечистотија и
создавање р'ѓа.
 Никогаш не го пречекорувајте работниот притисок
од 6,3 bar/91 psi! Употребениот компресиран
воздух не смее да биде експлозивен и да не
пречекорува 40 °C при T6 одн. 60 °C при T5.
Заштитете го пневматскиот монтажен мотор од
влага како при транспортот така и при
складирањето. Зголемениот оперативен притисок,
превисоката температура на компресираниот воздух и
создавањето на р'ѓа поради влага се причини за
запалување.
 Не ги отпакувајте, монтирајте или демонтирајте
пневматските монтажни мотори во експлозивна
атмосфера. Не извршувајте работи поврзани со
одржување во експлозивна атмосфера. Монтажата,
демонтажата и одржувањето може да создадат
потенцијален извор на запалување.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents