Bosch GIS 1000 C Professional Original Instructions Manual page 313

Hide thumbs Also See for GIS 1000 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
резултати мерењето треба да се повтори во друг период и
во различни услови.
За менување во режимот на точка на росење вратете се во
стандардниот екран за приказ. Притискајте на копчето со
стрелка лево 15 или копчето со стрелка десно 11, додека
не се прикаже прозорецот „Точ.на рос." со кратко
објаснување на режимот. За да го затскриете
предвремено објаснувањето, притиснете на копчето за
зачувување 9. За да го затскриете објаснувањето и
веднаш да започнете со мерење, притиснете на копчето
Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето температурата на површината
на последниот целен објект ќе се фиксира на приказот o,
околната температура на приказот i и релативната
влажност на воздухот на приказот h. Пресметаната
температура на точка на росење ќе се прикаже на j.
Мерниот уред автоматски ги споредува вредностите и ја
покажува интерпретацијата на вредностите со ознаката q
на скалата со резултати l:
– Ознака q во зеленото подрачје: Моменталните услови
не покажуваат опасност од создавање на мувла.
– Ознака q во жолтото подрачје: Вредностите лежат на
границите, внимавајте на собната температура,
топлинските мостови како и влажноста на воздухот и по
потреба повторете го мерењето подоцна.
– Ознака q во црвеното подрачје: Постои зголемена
опасност од создавање мувла, бидејќи влажноста на
воздухот е превисока или температурата на
површината е близу до границата на температурата на
точката на росење. Абнормалната вредност трепка на
приказот.
Ќе видете предупредени на опасност од создавање на
мувла, доколку температурата на површината изнесува
80 % од температурата на точката на росење. При
опасност од создавање на мувла, во зависност од
причината, треба да ја намалите влажноста во воздухот со
често и темелно проветрување, да ја зголемите собната
температура одн. да ги отстраните топлинските мостови.
Напомена: Со мерниот уред не може да се детектираат
спори на мувла. Тој само покажува дека доколку условите
останат исти, може да дојде до создавање на мувла.
Кориснички режим
Во корисничкиот режим се мерат температурите на
површината и околната температура како и релативната
влажност на воздухот. Од нив се пресметуваат
температурата на точката на росење како и просечната
температура (средна вредност на температурите на
површината за време на континуираното мерење).
По потреба можете да ги затскриете следните вредности
на приказот: Просечна температура, релативна влажност
на воздухот, околна температура и температура на точката
на росење.
Повикајте го „Глав.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 314). Изберете го подменито
„Функции" и потоа „Корисн.режим". Овде можете да ги
Bosch Power Tools
вклучите и исклучите приказите „Просечна темп. ",
„Влаж.на возд.", „Собна темп." и „Точ.на рос.".
За мерење на температурата на површини можете да
изберете дали минималната и максималната вредност k на
скалата со резултати l треба автоматски да се прилагодат
или рачно да се утврдат. Одете во менито
„Корисн.режим" во подменито „Опсег на скала".
– Изберете „auto", доколку вредностите k треба
автоматски да се одредат како во режимот за
температура на површината. Минималната и
максималната вредност на температурата на мерниот
процес се појавуваат на приказот k, доколку разликата
на измерените вредности е поголема од 3 °C.
– Изберете „станд.постав.", за да ги утврдите рачно
вредностите. Подесете ги саканите вредности во
менито „Корисн.режим" во „Долна гран.на скал." и
„Горна гран.на скал.". На приказот k се појавуваат
рачно поставените минимална и максимална вредност.
Притоа можете да споредувате на пр. кадри од екранот
од различни мерења со помош на ознаката q.
За менување во корисничкиот режим вратете се во
стандардниот екран за приказ. Притискајте на копчето со
стрелка лево 15 или копчето со стрелка десно 11, додека
не се прикаже прозорецот „Корисн.режим" со кратко
објаснување на режимот. За да го затскриете предвремено
објаснувањето, притиснете на копчето за зачувување 9. За
да го отворите објаснувањето и веднаш да започнете со
мерење, притиснете на копчето Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето ќе се прикажат избраните
вредности.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го поклопецот 1. Поврзете го микро-USB-
отворот 26 на мерниот уред со помош на испорачаниот
микро-USB-кабел 8 со Вашиот компјутер или ноутбук.
Зачуваните JPG-датотеки може да се ископираат,
поместат или избришат од внатрешната меморија на
мерниот уред. Повторно затворете го поклопецот 1,
откако ќе го извадите микро-USB-кабелот.
Напомена: Поврзете го мерниот уред преку USB
исклучиво со компјутер или ноутбук. Уредот може да се
оштети доколку го приклучите на други апарати.
Напомена: Акумулаторот на мерниот уред не може да се
наполни преку USB-интерфејсот. За да го наполните
акумулаторот погледнете во „Работа со батерија",
страна 308.
Пренесување на податоци преку Bluetooth®
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, кој со
помош на радио техника овозможува пренос на податоци
до одредени мобилни терминали со Bluetooth®-интерфејс
(напр. смартфон, таблет).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch
на www.bosch-professional.com.
Македонски | 313
1 609 92A 0XP | (17/4/15)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents