Philips IntelliVue MX40 Instructions For Use Manual page 122

Reusable adapters and patient cables
Hide thumbs Also See for IntelliVue MX40:
Table of Contents

Advertisement

ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА ПРЕД УПОТРЕБАТА
Пред да приклучите кабел на пациент или во монитор, визуелно проверете ја
физичката состојба на кабелот, заптивката на приклучокот и контактите на
приклучокот на кабелот во согласност со упатствата подолу.
Проверете ја физичката состојба на кабелот
Пред да приклучите кабел на пациент или во монитор, визуелно проверете
дали кабелот е при крај на работниот век. Проверете дали има пукнатини,
испакнатини, лупење, изложени жици, оштетени приклучоци и слична
амортизација или оштетување кои може да предизвикаат погрешни
отчитувања или повреда на пациентот/корисникот (односно исекување).
Секогаш кога при визуелната проверка ќе забележите дека кабелот повеќе не
е соодветен за континуирана употреба, придржувајте се до соодветните
постапки за депонирање на производот (погледнете во ДЕПОНИРАЊЕ НА
ПРОИЗВОДОТ).
Проверете ја заптивката на приклучокот на кабелот
Пред да приклучите кабел во мониторот MX40, проверете визуелно дали
заптивката околу отворот на приклучокот на кабелот е поставена правилно
(погледнете ја сликата на почетокот од овој документ на која е прикажано како
правилно да се постави заптивката). Ако некој дел од заптивката не е поставен
правилно или е оштетен, тогаш НЕ ГО КОРИСТЕТЕ производот! Во тој
случај, отстранете го кабелот од употреба бидејќи постои можност да добиете
погрешни отчитувања и/или да предизвикате повреда на
пациентот/корисникот.
Проверете ги контактите на приклучокот на кабелот
Забелешка: приклучокот на сензорот за SpO
покрива со заштитното капаче што е прикачено за него кога не го
користите.
Приклучокот за монитор на кабелот има многу мали контакти кои мора да
бидат чисти за да се воспостави добра врска помеѓу кабелот и мониторот.
Поради тоа, пред да приклучите кабел во мониторот, визуелно проверете дали
има влакна, влага или нечистотии во внатрешноста на приклучокот на кабелот.
Ако по визуелната проверка утврдите дека е потребно чистење во
внатрешноста на приклучокот на кабелот, следете ги чекорите подолу.
Важно! Следните чекори користете ги само за чистење на внатрешноста на
приклучокот на кабелот за MX40. За чистење на приклучокот или
надворешните површини на кабелот, погледнете ги одобрените постапки за
чистење кабли во придружниот документ Cables and Lead Sets Care, Cleaning
and Disinfection (Грижа, чистење и дезинфекција на кабли и комплети водови)
на ова упатство за користење.
За чистење во внатрешноста на приклучокот на кабелот за MX40:
1.
Не дозволувајте да навлезе течност за чистење во приклучокот на кабелот и
внимавајте да не ја изместите заптивката во внатрешноста на приклучокот.
2.
Насочете го отворот на приклучокот на кабелот надолу како што е прикажано на
сликата Исчистете ги пиновите на приклучокот на почетокот од ова упатство за
на кабелот треба секогаш да се
2
100

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents