Makita BO5030 Instruction Manual page 23

Random orbit sander
Hide thumbs Also See for BO5030:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот, проверете
дали е исклучен и откачен од струја.
Инсталирање или отстранување
на абразивниот диск
► Сл.3
За да го поставите абразивниот диск, прво исчистете ги
прашината и туѓите тела од подлогата. Потоа излупете ја
заштитната хартијата од абразивниот диск и прикачете го
абразивниот диск на подлогата. Внимателно подредете ги
дупките во абразивниот диск со тие на подлогата.
ВНИМАНИЕ:
Ако го извадите абразивниот диск од
подлогата, адхезијата ќе се намали. Никогаш
не се обидувајте да ја залепите на подлогата
за понатамошна употреба.
Монтирање на вреќата за прашина
► Сл.4: 1. Вреќа за прав
Монтирајте ја вреќата за прашина на алатот за
логото „Мakita" на вреќата за прашина да биде
исправен нагоре (а не обратно).
Празнење на вреќата за прашина
► Сл.5: 1. Распрскувач на прав
Откако ќе се наполни до половина вреќата за прашина,
исклучете го алатот и извадете го кабелот од струја.
Извадете ја вреќата за прашина од алатот. Потоа, тргнете го
распрскувачот од вреќата за прашина откако ќе го отклучите
распрскувачот за прашина со мало свртување обратно од
насоката на движење на стрелките на часовникот. Со нежно
потчукнување, испразнете ја вреќата за прашина.
откако ќе ја испразните вреќата за прашина, инсталирајте
го распрскувачот на прашина на вреќата за прашина.
Свртете го распрскувачот на прашина нежно во насока
на движење на стрелките на часовникот и фиксирајте го.
Потоа инсталирајте ја вреќата за прашина на алатот, како
што е опишано во „Инсталирање на вреќата за прашина".
► Сл.6: 1. Распрскувач на прав
Монтирање хартиена вреќа за прашина
► Сл.7: 1. Жлеб 2. Картон за предно фиксирање
3. Предна страна на хартиената ќеса за прав
Поставете ја хартиената вреќа за прав на држачот за
хартиена вреќа за прав, со предната страна нагоре. Ставете
го предниот картон за фиксирање на хартиената вреќа за
прав во жлебот на држачот на хартиената вреќа за прав.
Потоа притиснете го горниот дел на предниот картон за
фиксирање во правецот на стрелката за да ја закачите на стегите.
► Сл.8: 1. Куки 2. Горен дел
Ставете го засекот на хартиената вреќа за прав во насочувачот
на држачот на хартиената вреќа за прав. Потоа инсталирајте го
комплетот држач на хартиената вреќа за прав на алатот.
► Сл.9: 1. Жлеб 2. Водач
► Сл.10
Монтирање хартиена
филтер-вреќа
► Сл.11: 1. Задржувач
Проверете дали логото на работ на картонот и
логото на кутијата за прав се на истата страна, потоа
монтирајте ја хартиената филтер-вреќа поставувајќи
го работ на картонот во жлебот на секоја лента за
држење.
► Сл.12: 1. Кутија за прав 2. Распрскувач на прав
Проверете дали логото на работ на картонот и
логото на распрскувачот на прав се на иста страна,
потоа инсталирајте го распрскувачот на прав на
кутијата за прав.
Отстранување на кутијата за прав
и хартиената филтер-вреќа
► Сл.13: 1. Резе 2. Распрскувач на прав
Отстранете го распрскувачот на прав со притискање
на двете блокади.
► Сл.14
Прво тргнете ја хартиената филтер-вреќа со тоа
што ќе ја штипнете страната на логото на работ на
картонот, потоа повлечете го работ картонот надолу,
за да го тргнете од држечката лента на кутијата за
прав.
РАБОТЕЊЕ
Шмирглање
► Сл.15
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте го алатот кога е
во контакт со работниот материјал, во
спротивно може да дојде до повреда на
операторот.
Никогаш не пуштајте го алатот без
абразивниот диск. Можете сериозно да ја
оштетите подлогата.
Никогаш не го форсирајте алатот.
Претераниот притисок може да ја намали
ефикасноста за шмирглање, да го повреди
абразивниот диск или да го скрати животот
на алатот.
Ако алатот го користите кога работ на
подлогата е во допир со материјалот, може
да дојде до повреда на подлогата.
Држете го алатот цврсто. Вклучете го алатот и
почекајте додека ножот не достигне целосна брзина.
Потоа нежно ставете го алатот на површината на
материјалот. Подлогата нека биде израмнета со
материјалот и малку притиснете го алатот.
ВНИМАНИЕ:
Подлогата за шмирглање ротира во насока
на движење на стрелките на часовникот, но
може да ротира и во обратен правец кога
работи без оптеретување.
23 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bo5031

Table of Contents