Makita 9565CR Instruction Manual page 71

Hide thumbs Also See for 9565CR:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
10. Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој
што влегува во работното подрачје треба
да носи заштитна опрема. Парчиња од
материјалот што се обработува или од скршен
додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
Држете го алатот само за изолираните
11.
држачи кога вршите работи каде што
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици или сопствениот
кабел. Додатокот за сечење што ќе допре
жица под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
12. Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече
и раката или дланката може да ви бидат
повлечени во вртливиот додаток.
13. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре целосно. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
надвор од ваша контрола.
14. Алатот не смее да биде вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
15. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето, а
прекумерното насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
16. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат
пожар.
17. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и поврзани предупредувања:
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на тркало, потпорна
подлога, четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикуваат
нагло запирање на вртливиот додаток што пак
предизвикува неконтролираниот алат да биде
насилно турнат во насока спротивна од насоката на
ротација кај спојот.
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
работниот материјал, работ на тркалото што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да отскокне. Тркалото може
да отскокне кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на движење на тркалото во
точката на заглавување. Исто така, абразивните
тркала може да се скршат во вакви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
Цврсто држете го електричниот алат со
1.
двете раце и наместете ги телото и рацете
така што ќе може да ги издржат силите од
повратен удар. Секогаш користете помошна
рачка, ако ја има, за максимална контрола
при повратен удар или торзиска реакција
за време на стартувањето. Операторот може
да ги контролира торзиските реакции и силите
на повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
Не ставајте ја раката близу до вртливиот
2.
додаток. Додатокот може да се одбие над
раката.
Не поставувајте го телото во подрачјето
3.
каде што алатот ќе се придвижи во случај на
повратен удар. Повратниот удар ќе го отфрли
алатот во насока спротивна на движењето на
тркалото во точката на заглавување.
Бидете особено внимателни кога работите
4.
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
отскокнување и завлекување на додатокот.
Аглите, острите рабови и отскокнувањето
можат да го заглават вртливиот додаток и да
предизвикаат губење контрола или повратен
удар.
Не поставувајте синџир на пилата, сечило
5.
за дрворез, сегментирано дијамантско
тркало со периферно растојание поголемо
од 10 мм или нож за пила. Таквите сечила
често предизвикуваат повратни удари и губење
контрола.
Безбедносни предупредувања што се
специфични за брусење и операции на сечење:
Користете само типови тркала што се
1.
наменети за вашиот алат и специфичниот
штитник конструиран за избраното тркало.
Тркала за кои алатот не е конструиран не може
да се заштитат соодветно и не се безбедни.
Површината што се бруси на тркалата
2.
со вдлабнато средиште мора да биде
монтирана под рамнината на штитникот.
Неправилно монтираното тркало што
поминува низ рамнината на штитникот не може
адекватно да се заштити.
Штитникот треба да е прицврстен за алатот
3.
и наместен за максимална безбедност, така
што најмало количество тркало е изложено
кон операторот. Заштитникот помага да се
заштити операторот од парчиња скршено
тркало, случаен контакт со тркалото и искри
што може да ја запалат облеката.
Тркалата смеат да се користат само за
4.
наменетите примени. На пример: не
брусете со страната на тркалото за сечење.
Тркалата за абразивно сечење се наменети
за периферно брусење и странични сили
нанесени на таквите тркала може да ги
распрскаат.
Секогаш користете неоштетени фланши
5.
за тркалото што се со правилни големина
и облик за избраното тркало. Соодветните
фланши за тркало го држат тркалото и со
тоа ја намалуваат можноста тоа да се скрши.
Фланшите за тркала за сечење може да се
разликуваат од фланшите на брусните тркала.
71 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

9565cvr

Table of Contents