Makita 9565CLR Instruction Manual page 57

Hide thumbs Also See for 9565CLR:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НИКОГАШ Не користете тркало за сечење за
странично брусење.
Не заглавувајте го тркалото и не притискајте
прекумерно. Не обидувајте се да режете многу
длабоко. Пренапрегнувањето на тркалото го
зголемува оптоварувањето и можноста за
извиткување или лепење на тркалото во резот,
и со тоа за повратен удар, кршење на тркалото
и прегревање на моторот.
Не почнувајте со сечењето повторно додека
тркалото е во материјалот. Оставете го тркалото
да достигне максимална брзина и внимателно
влезете во засекот движејќи го алатот напред
преку површината на материјалот. Тркалото може
да осцилира, да излезе или да удри наназад ако
алатот се стартува во материјалот.
За време на сечењето, не менувајте го аголот
на тркалото. Ако се притиска странично на
тркалото за сечење (при брусење) може да
дојде до пукање или кршење на тркалото, што
може да предизвика тешки телесни повреди.
Со дијамантското тркало треба да се работи
вертикално врз материјалот за сечење.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред
секоја
проверете дали алатот е исклучен и откачен од
струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
Слика23
Алатот и отворите за воздух треба да се одржуваат
чисти. Редовно чистете ги отворите за воздух на
алатот, или секогаш кога ќе се извалкаат.
Кога на алатот е монтиран капак на глава, извадете
го во согласност со делот „Вадење на капакот на
главата".
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките на јагленските
честички и замената, како и сите други одржувања и
дотерувања треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
проверка
или
одржување,
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Штитник за тркало (Капак на тркало) За тркало
со вдлабнато средиште / Мулти-диск
Штитник за тркало (Капак за тркало) за
абразивно сечење/дијамантско тркало
Тркала со вдлабнато средиште
Тркала за абразивно сечење
Мулти-дискови
Дијамантски тркала
Испакнати жичени четки
Жичена закосена четка 85
Абризивни дискови
Внатрешна фланша
Навртка за стегање тркало со вдлабнато
средиште / тркало за абразивно сечење /
мулти-диск / дијамантско тркало
Навртка за стегање за абразивни дискови
Клуч за стегање
Странична дршка
Гумена подлошка
Прикачен капак за прашина
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.
57

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents