Makita MR002G Instruction Manual page 147

Job site radio
Hide thumbs Also See for MR002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
СЛУШАЊЕ РАДИО
Пребарување AM/FM фреквенции
Белешка:
FM антената е вградена во рачката. Кога ракувате
со радиото, исправете ја рачката правилно над
радиото за да добиете подобар прием. За AM
фреквенцискиот опсег, вртете го радиото да добиете
најдобар сигнал бидејќи AM антената е вградена во
радиото.
1. Притиснете го копчето Напојување за да го
вклучите радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да изберете AM или
FM радио режим.
3. Притиснете го и задржете го копчето Контрола
на бирање за да извршите автоматско
бирање. Вашето радио ќе го скенира AM/FM
фреквенцискиот опсег од тековно прикажаната
фреквенција и автоматски ќе престане со
скенирање кога ќе најде станица со доволна
јачина.
4. По неколку секунди екранот ќе се ажурира.
Екранот ќе ја прикажува фреквенцијата на
најдениот сигнал.
5. За да најдете друга станица, притиснете го и
задржете го контролното копче за Бирање како
претходно.
6. Кога ќе се достигне крајот на фреквенцискиот
опсег, вашето радио повторно ќе почне да бира од
спротивниот крај на фреквенцискиот опсег.
7. Вртете го копчето за контрола на бирање за да го
прилагодите нивото на звук како што е потребно.
Белешка:
● Додека ја прилагодувате јачината на звук,
уверете се дека FM/AM НЕ трепка на екранот.
● Ако AM/FM трепка на екранот, ви овозможува
рачно да ги бирате станиците (видете го делот
„Рачно бирање – AM/FM" за повеќе детали).
● Јачината на звук не треба да биде преголема.
За да спречите можно оштетување на слухот,
не слушајте со голема јачина на звук долги
периоди.
8. За да го исклучите радиото притиснете го копчето
Напојување.
Рачно бирање – AM/FM
1. Притиснете го копчето Напојување за да го
вклучите радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да изберете AM или
FM режим.
3. Притиснете го копчето за контрола на бирање и ќе
видите како FM или AM трепка на екранот.
Белешка:
● FM/AM ќе трепка приближно 10 секунди. Во овој
период дозволено е само рачно бирање.
● Ако сакате да ја прилагодите јачината на звук
додека трепка FM/AM, притиснете го копчето
за контрола на бирање да запре трепкањето
и може да го вртите копчето за контрола на
бирање да го прилагодувате нивото на звук.
4. Вртете го копчето за контрола на бирање да
изберете станица.
5. Кога ќе се достигне крајот на фреквентниот опсег,
вашето радио повторно ќе почне да бира од
спротивниот крај на фреквенцискиот опсег.
6. Вртете го копчето за контрола на бирање да го
прилагодите нивото на звук како што е потребно.
Предодредени станици во AM/FM
режим
Има 5 предодредени станици, секоја за AM и FM
радио. Тие се користат на истиот начин за секој
фреквенциски опсег.
1. Притиснете го копчето Напојување да го вклучите
радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да го изберете
посакуваниот фреквенциски опсег. Бирајте до
посакуваната радио станица како што е претходно
опишано.
3. Притиснете го и задржете го потребното копче
Предодреди (1 до 5) се додека екранот не
прикаже „P4" на пример, по фреквенцијата.
Станицата ќе биде зачувана со користењето
на предодредениот број. Повторете ја оваа
процедура за преостанатите предодредувања
како што сакате.
4. Предодредените станици што веќе се зачувани
може да бидат пребришани со следењето на
постапката погоре доколку сакате.
Режими на прикажување – FM
Вашето радио има лепеза на опции на прикажување
за FM радио режим.
Притиснете го неколку пати копчето Мени/Инфо за
да ги видите RDS информациите за станицата што ја
слушате.
a. Име на станица
б. Тип програма
в. Радио текст
г. Година/Ден
147 МАКЕДОНСКИ
Го прикажува името на
станицата која се слуша.
Го прикажува типот на станица
што се слуша како поп,
класика, вести и сл.
Прикажува порака со радио
текст како што се нови ставки
и сл.
Ја прикажува годината и денот
од неделата според поставката
за датум на вашето радио.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents