Makita DUH551 Instruction Manual page 49

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH551:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Кога го транспортирате или складирате
тримерот за жива ограда, секогаш
поставувајте го капакот на сечилото.
Правилното ракување со тримерот за жива
ограда ќе го намали ризикот од физичка
повреда од сечилата.
4.
Кога чистите заглавен материјал или ја
сервисирате единицата, осигурете се
дека сите прекинувачи за напојување се
исклучени и дека батериите се извадени
или исклучени. Неочекуваното активирање
на тримерот за жива ограда додека се чисти
заглавен материјал или се сервисира може да
резултира со сериозна физичка повреда.
5.
Држете го тримерот за жива ограда само за
изолираните држачи затоа што сечилото
може да дојде во допир со скриени жици.
Сечилата што ќе допрат жица под напон може
да ја пренесат струјата до изложените метални
делови на тримерот за жива ограда и да
предизвика струен удар на операторот.
6.
Држете ги сите жици за напојување и каблите
подалеку од областа каде што се сече.
Жиците за напојување или каблите може да
бидат скриени во живите огради или грмушките
и може случајно да се пресечат со сечилото.
7.
Не користете го тримерот за жива ограда
при лоши временски услови, особено кога
има ризик од грмотевици. Ова го намалува
ризикот од удар на гром.
Дополнителни безбедносни упатства
Подготовка
1.
Проверете дали има туѓи предмети во
живата ограда и грмушките, како на пример,
жичени огради или сокриени кабли, пред да
започнете со работата.
2.
Алатот не смеат да го користат деца или
млади лица под 18-годишна возраст.
Младите лица над 16-годишна возраст може да
бидат исклучени од ова ограничување кога се
обучуваат под надзор на стручно лице.
Корисниците-почетници треба да бидат
3.
обучени од искусен корисник кој треба да
им покаже како се користи алатот.
4.
Користете го алатот само ако сте во добра
физичка состојба. Ако сте уморни, вашето
внимание ќе биде намалено. Бидете особено
внимателни на крајот од работниот ден. Сите
работи изведувајте ги смирено и внимателно.
Корисникот е одговорен за сите штети
нанесени на трети страни.
Никогаш не користете го алатот кога сте под
5.
влијание на алкохол, наркотични средства
или лекарства.
6.
Работните кожни ракавици се дел од
основната опрема на алатот и мора да се
носат кога се работи со неа. Исто така, носете
обувки со дебел ѓон што не се лизгаат.
Пред да започнете со работа, проверете
7.
и осигурете се дека алатот е безбеден и е
во добра работна состојба. Осигурете се
дека штитниците се правилно поставени.
Алатот не смее да се користи освен ако не е
целосно составен.
Работење
Држете го алатот цврсто со двете раце кога
1.
го користите.
2.
Алатот е наменет за операторот да го
користи на ниво на почвата. Не користете
го алатот на скали ниту на некоја друга
нестабилна потпора.
ОПАСНОСТ - Држете ги рацете настрана од
3.
сечилото. Контактот со сечилото ќе резултира
со сериозна телесна повреда.
4.
Не користете алатот на дожд или во влажни
или многу мокри услови. Електромоторот не
е водоотпорен.
5.
Осигурете стабилна потпора со стапалата
пред да почнете со работа.
6.
Не работете со алатот без оптоварување
кога тоа не е неопходно.
Веднаш исклучете го алатот и извадете
7.
ја касетата за батерија ако сечилата за
стрижење дојдат во допир со цврста ограда
или друг тврд предмет. Проверете дали
се оштетиле сечилата и, ако се оштетени,
веднаш заменете ги.
8.
Секогаш пред да ги проверите сечилата
за стрижење, поправате дефекти или
отстраните материјали заглавени во
сечилата за стрижење, исклучувајте го
алатот и вадете ја касетата за батерија.
9.
Никогаш не насочувајте ги сечилата за
стрижење кон себе или кон другите.
10. Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
11.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
Одржување и чување
1.
Исклучете го алатот и извадете ја касетата
за батерија пред да изведете какво било
одржување.
Кога го преместувате алатот на друго
2.
место, вклучувајќи и за време на работата,
секогаш вадете ја касетата за батерија и
поставувајте го капакот на сечилото на
сечилата за стрижење. Никогаш не носете
го ниту транспортирајте го алатот додека
сечилата се во движење. Никогаш не
фаќајте ги сечилата со вашите раце.
3.
Чистете го алатот и особено сечилата за
стрижење по употребата и пред складирање на
алатот за подолги периоди. Подмачкајте ги малку
сечилата и поставете го капакот на сечилото.
4.
Складирајте го алатот со поставен капак
на сечилото во сува просторија. Држете
го подалеку од дофат на деца. Никогаш не
складирајте го алатот на отворено.
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh651Duh551zDuh651z

Table of Contents