Makita UX01G Instruction Manual page 79

Cordless multi function power head
Hide thumbs Also See for UX01G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да се спречи случајно повлекување на прекинувачот
за стартување, вградена е рачка за блокирање.
► Сл.9: 1. Рачка за блокирање 2. Прекинувач за
стартување
За да го стартувате алатот, вклучете го прекинувачот
за главно напојување и фатете ја рачката (лостот
за одблокирање се ослободува со фаќањето) и
потоа, повлечете го прекинувачот за стартување.
Брзината на алатот се зголемува со зголемување
на притисокот врз прекинувачот за стартување. За
да го запрете алатот, отпуштете го прекинувачот за
стартување.
Нагодување на брзината
Брзината на алатот може да ја изберете со
допирање на главното копче за напојување. Секој
пат кога ќе го допрете главното копче за напојување,
нивото на брзина ќе се промени.
► Сл.10: 1. Индикатор за брзина 2. Главно копче за
напојување
Индикатор за брзина
Копче за обратна акција за
отстранување отпадоци
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
и извадете ја касетата за батеријата пред да ги
отстраните заплетканите трева или отпадоци,
што не може да се отстранат со функцијата за
обратна акција. Ако не го исклучите алатот и не ја
извадите касетата за батеријата, може да дојде до
тешка телесна повреда предизвикана од случајно
стартување.
Овој алат има копче за обратна акција за промена на
насоката на ротација. Служи само за отстранување
заплеткан плевел или отпадоци од алатот.
За обратна ротација, кога алатот за сечење е
запрен, допрете го копчето за обратна акција и
повлечете го прекинувачот за стартување додека
го притискате лостот за деблокирање. Кога
ќе го повлечете прекинувачот за стартување,
индикаторите за брзина започнуваат да трепкаат, а
алатот за сечење ротира во обратна насока.
За да се вратите на нормална ротација, отпуштете
го прекинувачот и почекајте додека да запре алатот
за сечење.
► Сл.11: 1. Индикатор за брзина 2. Копче за
обратна акција
Режим
Голема
Средна
Мала
Исклучете го алатот
79 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА: За време на обратната ротација,
алатот работи само кратко време и потоа,
автоматски запира.
НАПОМЕНА: Штом алатот запре, ротацијата се
враќа на нормалната насока кога алатот повторно
ќе биде вклучен.
НАПОМЕНА: Ако го допрете копчето за обратна
акција додека алатот за сечење сѐ уште ротира,
алатот запира и е подготвен за обратна ротација.
Електронска функција за
регулирање сила на вртење
Алатот автоматски открива ненадејно опаѓање на
брзината на ротацијата што може да предизвика
повратен удар. Во оваа ситуација, алатот
автоматски запира за да се спречи понатамошната
ротација на алатот за сечење. За да го рестартирате
алатот, отпуштете го прекинувачот за стартување.
Отстранете ја причината за ненадејно опаѓање на
брзината на ротацијата и потоа вклучете го алатот.
НАПОМЕНА: Оваа функција не е превентивна
мерка за повратни удари.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот да е исклучен и касетата за батеријата
да е извадена пред да направите нагодување
или проверка на алатот. Ако не го исклучите
алатот и не ја извадите касетата за батеријата,
може да дојде до тешка телесна повреда
предизвикана од случајно стартување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
стартувајте го алатот ако не е целосно
составен. Работењето со делумно составен алат
може да резултира со тешка телесна повреда
заради случајно стартување.
Монтирање на рачката
Прикачете ја рачката со испорачаните стеги и
завртки. Осигурете се дека рачката се наоѓа помеѓу
сепараторот и ознаката со стрелка. Немојте да го
отстранувате или смалувате разделникот.
► Сл.12: 1. Стега 2. Завртка со имбус-глава
3. Рачка 4. Ознака со стрелка
5. Сепаратор
Кога ќе ги користите следниве додатоци, прикачете
ја препреката на рачката со шрафот на препреката.
Додаток за косилката за грмушки *
Додаток вртливи ножици
Додаток за тримерот за трева *
Додаток за порамнувачот на рабови
*. Само кога е прикачено метално сечило.
► Сл.13: 1. Препрека 2. Шраф
Секогаш уверете се
Никогаш не

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ux01gz01Ux01gz

Table of Contents