Makita UX01G Instruction Manual page 75

Cordless multi function power head
Hide thumbs Also See for UX01G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Никогаш не работете качени на скала или на
дрво за да избегнете губење на контролата.
5.
Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш вадете ја касетата за
батерија. Ако алатот се остави без ваше
присуство со монтирана касета за батерија,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика тешка несреќа.
6.
Пред да го стартувате алатот за сечење,
осигурете се дека не ја допира земјата и
друг пречки, како на пример дрво.
Често проверувајте дали на додатокот за
7.
сечење има пукнатини или оштетувања
при работата. Пред да извршите проверка,
извадете ја касетата за батерија и почекајте
додека додатокот за сечење целосно не
запре. Веднаш заменете го оштетениот
додаток за сечење, дури и ако има само
површински пукнатини.
8.
Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
За време на работата, секогаш држете го
9.
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
10. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
Не допирајте го куќиштето на преносниот
11.
систем за време на и веднаш после
работењето. Куќиштето на преносниот систем
се вжештува при работењето и може да
предизвика изгореници.
12. Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
секој час.
13. Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
14. Избегнувајте работење во лоша средина
каде што се очекува зголемен замор.
15. Не користете го алатот при лошо време кога
видливоста е намалена. Во спротивно, може
да дојде до пад или неправилна работа поради
лошата видливост.
16. Не потопувајте го алатот во вирови.
17. Не оставајте го алатот незаштитен надвор
на дожд.
18. Кога ќе се залепат лисја или нечистотија
на устието на смукалката (прозорецот за
вентилација) поради дожд, отстранете ги.
19. Не користете го алатот на снег.
Алати за сечење
1.
Кога користите сечила, избегнувајте
повратни удари и секогаш бидете
подготвени за ненадеен повратен удар.
Погледнете во делот за Повратен удар.
2.
Кога не се користи, прикачете го капакот за
сечило на сечилото. Пред работа, извадете
го капакот.
Повратен удар (потисок на сечилото)
1.
Повратен удар (потисок на сечилото) е
ненадејна реакција на зафатеното или
заглавеното сечило. Штом настане, алатот
отскокнува странично или кон операторот
со голема сила и тоа може да предизвика
тешка повреда.
2.
Повратните удари особено настануваат кога
сегментот на сечилото се применува помеѓу
12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и
дрвја со дијаметар од 3 цм или повеќе.
► Сл.2
3.
За да избегнете повратен удар:
1.
Применувајте го сегментот помеѓу 8 и
11 часот.
2.
Никогаш не применувајте го сегментот
помеѓу 12 и 2 часот.
Никогаш не применувајте го сегментот
3.
помеѓу 11 и 12 часот, и помеѓу 2 и 5
часот, освен ако операторот не е добро
обучен и искусен и тоа го прави на свој
сопствен ризик.
Никогаш не користете сечила во
4.
близина на тврди предмети, како што
се огради, ѕидови, стебла на дрва и
камења.
5.
Никогаш не користете ги сечилата
вертикално за операции како рамнење
рабови или поткастрување живи
огради.
► Сл.3
Вибрации
1.
Лицата со слаба циркулација, што се
изложени на прекумерни вибрации, може да
се здобијат со повреди на крвните садови
и на нервниот систем. Вибрациите можат да
го предизвикаат следново на прстите, рацете
или зглобовите: „заспивање" (отрпнување),
треперење, болка, чувство на бодеж, менување
на кожата или нејзината боја. Ако се појави кој
било од наведените симптоми, посетете лекар!
2.
За да го намалите ризикот од „болест на
бел прст", држете ги рацете топли за време
на работата и добро одржувајте ги алатот и
приборот.
Транспортирање
1.
Пред транспортирање на алатот, исклучете
го и извадете ја касетата за батеријата.
Поставете го капакот на сечилото.
Одржување
Пред да извршувате какви било работи за
1.
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата.
2.
Кога ракувате со сечило, секогаш носете
ракавици и ставете го капакот за сечило врз
сечилото.
Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и
3.
маснотии. Држете ги сите отвори за воздух
без нечистотии.
75 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ux01gz01Ux01gz

Table of Contents