Makita DSP600 Instruction Manual page 83

Cordless plunge cut saw
Hide thumbs Also See for DSP600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на штитникот на ножот
Кога го заменувате сечилото на циркуларната
пила, исто така исчистете го штитникот за ножот
од насобраниот прав, како што е опишано во делот
Одржување. Тоа не го заменува правилото дека
треба секогаш да проверувате дали штитникот
работи пред секоја употреба.
Поврзување вакуумска смукалка
Опционален прибор
Кога сакате да извршите чисто сечење, поврзете
правосмукалка Makita на вашиот алат. Поврзете го
цревото на правосмукалката на смукалката за прав
користејќи го предниот муф 24.
► Сл.25: 1. Црево на правосмукалката 2. Преден
муф 24 3. Распрскувач на прав
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите
алатот напред во права линија и нежно.
Прекумерната сила или искривувањето на алатот
ќе резултира со прегревање на моторот и опасен
повратен удар што би можело да доведе до тешки
повреди.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не пристапувајте
кон некој дел од телото под основата на алатот
кога сечете дел, особено на почетокот. Доколку
го сторите тоа, може да дојде до сериозни
телесни повреди. Сечилото е изложено под
основата на алатот.
НАПОМЕНА: Кога температурата на батеријата
е ниска, алатот може да не работи со полн
капацитет. Во таков случај, на пример, користете
го алатот за полесно сечење одредено време
додека батеријата не се загрее до собна
температура. Потоа, алатот може да работи со
својот полн капацитет.
Сечење на дел (вообичаено
пилење)
► Сл.26
Цврсто држете го алатот. Алатот има предна и
задна рачка. Користете ги обете за добар фат
на алатот. Ако пилата се држи со двете раце,
сечилото на циркуларната пила не може да ги исече.
Поставете ја основата врз материјалот што ќе го
сечете, така што сечилото на циркуларната пила
нема да го допира. Потоа притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот
за стартување. Почекајте додека сечилото на
циркуларната пила не достигне целосна брзина.
Сега, притиснете ја главата на пилата полека до
претходно поставената длабочина на сечење и
едноставно придвижете го алатот нанапред долж
површината на материјалот што се сече при тоа
држејќи го праволиниски и напредувајќи бавно
додека сечењето не заврши.
За чисти засеци, одржувајте ја линијата на пилење
права и брзината на напредувањето рамномерна.
Ако засекот не ја следи вашата планирана линија
на сечење, не обидувајте се да го присилите алатот
назад на оригиналната линија. На тој начин може
да дојде до лепење на сечилото на циркуларната
пила и да се предизвика опасен повратен удар и
можна тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот,
почекајте сечилото на циркуларната пила да запре
и потоа повлечете го алатот. Одново порамнете
го алатот на нова линија на сечење и повторно
започнете со сечење. Обидувајте се да избегнувате
положби кои го изложуваат операторот на
делканици и прав од дрвото што ги исфрла пилата.
Користете заштита за очите за да спречите повреда.
Шина-водилка
Опционален прибор
Ставете го алатот на задната страна од шината-
водилка. Завртете ги двата шрафа за нагодување
на основата на алатот, така што алатот ќе се лизга
мазно без врева. Држете ги цврсто предната дршка
и задната рачка од алатот. Вклучете го алатот,
притиснете го до претходно поставената длабочина
за сечење и пресечете го штитникот од расцепување
по целата должина со работниот од. Сега работ на
штитникот од расцепување одговара на работ за
сечење.
► Сл.27: 1. Шрафови за нагодување
Кога вршите надолжно косо сечење со шината-
водилка, користете го лизгачкиот лост за да
спречите паѓање на алатот.
Поместете го лизгачкиот лост на основата на алатот
во насока на стрелката, така што ќе влезе во жлебот
на засекот во шината-водилка.
► Сл.28: 1. Лизгачки лост
Подбаза (линијар-водилка)
Опционален прибор
Со користење на подбазата како линијар-водилка
може да вршите исклучително прецизни прави
засеци. Олабавете ги стезните шрафови и лизгајте
ја подбазата надвор од алатот, а потоа вметнете ја
наопаку.
► Сл.29: 1. Стезен шраф 2. Подбаза
Едноставно лизнете го граничникот на подбазата
точно на страната на работниот материјал и
прицврстете го во таа положба со стезните
шрафови. Тоа овозможува и изведување прави
засеци со еднообразна ширина повеќе пати.
► Сл.30: 1. Стезен шраф 2. Подбаза
Потопни засеци (отсекување)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
повратен удар, почитувајте ги следниве
инструкции.
► Сл.31: 1. Заден раб на основата на алатот
2. Фиксиран стопирач
83 МАКЕДОНСКИ
За да избегнете

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dsp601Dsp600zDsp601zju

Table of Contents