Makita DRS780 Instruction Manual page 57

Cordless rear handle saw
Hide thumbs Also See for DRS780:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ДА ЈА ЗАТЕГНЕТЕ ИМБУС-ЗАВРТКАТА ВО ПРАВЕЦ
СПРОТИВЕН НА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ.
Исто така, внимавајте да не ја затегнувате
завртката со сила. Лизгањето на раката од имбус-
клучот може да предизвика телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
сечилото на вретеното, секогаш бидете сигурни
дека помеѓу внатрешната и надворешната фланша е
монтиран правилниот прстен за отворот на сечилото
за вратилото што планирате да го користите. Ако
се користи неправилен прстен за отворот за вратило,
може неправилно да се монтира сечилото, и со тоа да
се предизвикаат движење и интензивни вибрации на
сечилото што може да резултира со губење на контролата
за време на работата и тешка телесна повреда.
Чистење на штитникот на ножот
Кога го заменувате сечилото на циркуларната пила,
исто така исчистете ги горниот и долниот штитник
за сечило од насобраните отпадоци како што е
опишано во делот Одржување. Тоа не го заменува
правилото дека треба секогаш да проверувате дали
долниот штитник работи пред секоја употреба.
Поврзување вакуумска смукалка
НАПОМЕНА: Во некои земји, алатот може да нема
смукалка за прав.
Кога сакате да извршите чисто сечење, поврзете
вакуумска правосмукалка Makita на вашиот алат.
► Сл.23: 1. Гумено капаче
► Сл.24: 1. Гумено капаче 2. Правосмукалка
3. Црево
Извадете го гуменото капаче од смукалката за прав
и поврзете го цревото на правосмукалката како што
е прикажано на сликата.
НАПОМЕНА: За да не го изгубите гуменото
капаче, ставете го на предниот дел од алатот.
НАПОМЕНА: Кога не ја користите вакуумската
правосмукалка, прикачете го гуменото капаче на
смукалката за прав.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите
алатот напред во права линија и нежно.
Прекумерната сила или искривувањето на алатот
ќе резултира со прегревање на моторот и опасен
повратен удар што би можело да доведе до тешки
повреди.
НАПОМЕНА: Кога температурата на батеријата
е ниска, алатот може да не работи со полн
капацитет. Во таков случај, на пример, користете
го алатот за полесно сечење одредено време
додека батеријата не се загрее до собна
температура. Потоа, алатот може да работи со
својот полн капацитет.
ВНИМАВАЈТЕ ДОБРО
Пред да го монтирате
57 МАКЕДОНСКИ
► Сл.25
Цврсто држете го алатот. Алатот има предна и задна
рачка. Користете ги обете за добар фат на алатот.
Ако пилата се држи со двете раце, сечилото на
циркуларната пила не може да ги исече. Поставете
ја основата врз материјалот што ќе го сечете,
така што сечилото на циркуларната пила нема да
го допира. Потоа, вклучете го алатот и почекајте
додека сечилото на циркуларната пила не достигне
максимална брзина. Движете го алатот нанапред
преку површината на работниот материјал, држејќи
го рамно и напредувајќи полека додека не заврши
пилењето.
За чисти засеци, одржувајте ја линијата на пилење
права и брзината на напредувањето рамномерна.
Ако засекот не ја следи вашата планирана линија
на сечење, не обидувајте се да го присилите алатот
назад на оригиналната линија. На тој начин може
да дојде до лепење на сечилото на циркуларната
пила и да се предизвика опасен повратен удар и
можна тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот,
почекајте сечилото на циркуларната пила да запре
и потоа повлечете го алатот. Одново порамнете
го алатот на нова линија на сечење и повторно
започнете со сечење. Обидувајте се да избегнувате
положби кои го изложуваат операторот на
распрскувачки отпадоци од сечењето што ги исфрла
пилата. Користете заштита за очите за да спречите
повреда.
Кука
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вадете ги батериите
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високи места или на површини каде
што може да ја загуби рамнотежата и да падне.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го закачениот
алат надолу.
Куката е практична за привремено закачување
на алатот. За да ја употребите куката, едноставно
подигнете ја додека не влезе во отворена положба.
Кога куката не се користи, секогаш спуштете ја
додека не влезе во затворена положба.
► Сл.26: 1. Кука
► Сл.27
Надолжен потпирач
(шина-водилка)
Опционален прибор
Практичниот надолжен граничник овозможува
рамно сечење со посебна прецизност. Едноставно
притиснете го потпирачот од страната на
материјалот и прицврстете го во таа положба со
завртката за стегање од предниот дел на основата.
Тоа овозможува и изведување прави засеци со
еднообразна ширина повеќе пати.
► Сл.28: 1. Надолжен потпирач (шина-водилка)
2. Клемаста завртка

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Drs780z

Table of Contents