Опис На Функциите - Makita DRS780 Instruction Manual

Cordless rear handle saw
Hide thumbs Also See for DRS780:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата за
батеријата цврсто кога ја монтирате или вадите касетата
за батеријата. Ако не ги држите цврсто алатот и касетата за
батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце и да дојде
до нивно оштетување, како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш спуштајте ја основата
кога ги монтирате или вадите батериите.
Внимавајте да не си ги потфатите прстите.
ВНИМАНИЕ:
Не користете адаптер за
батеријата со циркуларната пила. Кабелот од
адаптерот за батеријата може да ја попречи
работата и да резултира со телесна повреда.
► Сл.7: 1. Лост 2. Кука 3. Црвен индикатор 4. Копче
5. Касета за батерија
Пред да ја отстраните касетата за батерија, подигнете
ја куката и олабавете го лостот за нагодување на
длабочината за да ја намалите основата на алатот.
Потоа лизнете ја батеријата од алатот додека го
лизгате копчето на предниот дел од касетата.
За вметнување на касетата за батеријата, порамнете го
јазичето на касетата со жлебот во куќиштето и лизнете
го во место. Вметнете ја до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако можете
да го видите црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи ви
повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила. Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА: Алатот не работи само со една
касета за батерија.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски
ќе се исклучи за време на работењето ако тој или
батеријата се најдат под еден од следниве услови. Во
некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот се работи на начин што предизвикува
повлекување прекумерно висока струја, тој
автоматски се исклучува. Во таква ситуација,
исклучете го алатот и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот е прегреан, тој автоматски запира, а
индикаторот за батеријата трепка околу 60 секунди.
Во оваа ситуација, оставете го алатот да се излади
пред повторно да го вклучите.
вклучено
Предупредување за
преоптоварување
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, индикаторот за режим ќе трепка
зелено. Индикаторот за режим ќе престане да
трепка, а потоа ќе светне или ќе се исклучи, доколку
го намалите оптоварувањето на алатот.
► Сл.8: 1. Индикатор за режим
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
► Сл.9: 1. Индикатор за батерија 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка за укажување
на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторите за батерија соодветствуваат на секоја
од батериите.
Статус на индикатор за батерија
Вклучено
Исклучено
54 МАКЕДОНСКИ
Трепка
Преостанат
капацитет на
батеријата
Трепка
од 50% до
100%
од 20% до
50%
од 0% до
20%
Наполнете ја
батеријата

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Drs780z

Table of Contents