Makita HR006G Instruction Manual page 71

Hide thumbs Also See for HR006G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот
пред ставањето или вадењето на касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата за
батеријата цврсто кога ја монтирате или вадите касетата
за батеријата. Ако не ги држите цврсто алатот и касетата за
батеријата, тие може да се лизнат од вашите раце и да дојде
до нивно оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.1: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата, порамнете го
јазичето на касетата со жлебот во куќиштето и лизнете
го во место. Вметнете ја до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако можете
да го видите црвениот индикатор на горната страна од
копчето, тоа значи дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја касетата за
батеријата целосно додека црвениот индикатор не се
изгасне. Во спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила. Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА: Алатот не работи само со една
касета за батерија.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
71 МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски ќе запре и ламбата ќе трепка. Во овој
случај, оставете ги алатот и батеријата да се оладат
пред повторно да го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
притиснете го копчето за блокирање на
прекинувачот од страната
(ИСКЛУЧЕНО) за да го блокирате прекинувачот
за стартување.
Преостанат
капацитет
Трепка
Батеријата
можеби е
неисправна.
Пред да ја
во позиција OFF

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents