Makita DHP482 Instruction Manual page 43

Cordless hammer driver drill
Hide thumbs Also See for DHP482:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Притискањето силно врз
алатот нема да го забрза дупчењето. Всушност,
овој прекумерен притисок само ќе го оштети
врвот на бургијата за дупчење, ќе ги намали
перформансите на алатот и ќе го скрати неговиот
работен век.
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете го алатот и
внимателно напредувајте кога бургијата за
дупчење почнува да навлегува во материјалот.
Доаѓа до јака сила која делува врз алатот/
бургијата за дупчење при дупнувањето на дупката.
ВНИМАНИЕ:
Заглавената бургија
за дупчење може лесно да се извади со
поставување на прекинувачот за обратна
акција на обратна ротација за да се повлече
назад. Сепак, алатот може да отскокне наназад
нагло ако не го држите доволно цврсто.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш прицврстувајте ги
малите работни материјали на менгеме или
сличен уред за прицврстување.
ВНИМАНИЕ:
Ако алатот работи
континуирано додека батеријата не се
испразни, оставете го да се одмори 15 минути
пред да продолжите со свежа батерија.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на карбонските четкички
► Сл.15: 1. Гранична ознака
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги карбонските четкички
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете карбонски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични карбонски
четкички.
Со помош на одвртувач отстранете ги двете
1.
завртки, потоа извадете го задниот капак.
► Сл.16: 1. Заден капак 2. Завртка
Подигнете ја раката на пружината и потоа
2.
поставете ја во вдлабнатиот дел на куќиштето со
рамен одвртувач.
► Сл.17: 1. Вдлабнат дел 2. Пружина 3. Рака
Со помош на клешти извадете ги капачињата
3.
на карбонските четкички. Извадете ги истрошените
карбонски четки, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите обратно.
► Сл.18: 1. Капачиња на карбонските четкички
Осигурете се да ја поставите жицата-водилка
4.
на спротивната страна од раката.
► Сл.19: 1. Жица-водилка 2. Капачиња на
карбонските четкички
Осигурете се дека капачињата на карбонските
5.
четкички влегле во дупчињата на држачите на
четката.
► Сл.20: 1. Дупка 2. Капачиња на карбонските
четкички
Повторно ставете го задниот капак и затегнете
6.
ги двете завртки цврсто.
Вметнете ја батеријата во алатот, вклучете го
7.
и оставете го да работи без оптоварување околу 1
минута.
Проверете го алатот додека работи и
8.
проверете ја електричната сопирачка со отпуштање
на прекинувачот. Ако електричната сопирачка не
работи правилно, побарајте помош од овластените
сервисни или фабрички центри на Makita за
поправка.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Бургии за дупчење
Бургии за одвртување
Бургија од дупчалка обложена со
тунгстен-карбид
Издувна пумпа
Држач за бургија за одвртување
Кука
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
43 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents