Makita DBS180 Instruction Manual page 36

Cordless belt sander
Hide thumbs Also See for DBS180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Насоката на светлината може да се прилагоди
на три нивоа преку агол од 60°. Повлечете го
прекинувачот за стартување на ламбата. За
да ја исклучите, отпуштете го. Ламбата ќе се
исклучи приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот за стартување.
► Сл.7: 1. Ламба
НАПОМЕНА: Кога ќе се прегрее алатот, ламбата
ќе трепка една минута. Во ваков случај, изладете
го алатот пред да започнете повторно да работите
со него.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Бројченик за нагодување на брзината
Брзината на појасот може да се прилагоди помеѓу
600 м и 1.700 м во минута (1.970 - 5.600 стапки/
мин.) со вртење на бројченикот за нагодување на
брзината на определена бројна вредност од 1 до 5.
Повисока брзина се добива кога бирачот се врти во
насока на бројот 5, а пониска брзина се добива кога
бирачот се врти во насока на бројот 1. Изберете ја
вистинската брзина за работниот материјал што
треба да се шмиргла.
ВНИМАНИЕ:
Бројченикот за нагодување
на брзината единствено може да се врти
помеѓу броевите наведени на бројченикот. Не
применувајте прекумерна сила да го завртите
бројченикот надвор од тој опсег, во спротивно,
нагодувањето брзина може да не функционира.
► Сл.8: 1. Бројченик за нагодување на брзината
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Вадење и поставување абразивен
појас
Повлечете ја рачката на запчестиот преносник
наназад да се ослободи притисокот врз појасот и да
се извади.
За да го поставите појасот, прво ставете ја едната
страна од појасот преку задниот запченик, закачете
ја другата страна преку предниот запченик, а потоа
ставете ја рачката на запчестиот преносник во
првобитната положба.
► Сл.9: 1. Рачка на запчест преносник
2. Абразивен појас 3. Заден запченик
4. Преден запченик
Прилагодување на следењето на појасот
Уверете се дека појасот е порамнет соодветно со раката
така што ќе извршите пробно вклучување на мала брзина.
Користете рачна завртка за да ја центрирате патеката на
појасот. Вртете го шрафот надесно за да ја завртите раката
надесно кога гледате надолу на алатот со неговата рака
насочена нанапред и налево за да ја завртите налево.
► Сл.10: 1. Рака 2. Рачна завртка
Монтирање страничен држач
ВНИМАНИЕ:
завртка пред работењето.
ВНИМАНИЕ:
голема надворешна сила на страничниот држач,
во спротивно страничниот држач може да се
олабави и алатот може да падне предизвикувајќи
штета или лична повреда во следниве услови:
нанесување целосен притисок врз
страничниот држач во текот на работењето
Невнимателно ракување со алатот само со
едната рака на страничниот држач
Носење на алатот само со едната рака на
страничниот држач
Страничниот држач (помошна рачка) помага цврсто
да се држи алатот во текот на работењето.
1.
Зашрафете го држачот во навртката за
прицврстување поставена во основата на држачот.
► Сл.11: 1. Дршка 2. Основа на држачот 3. Навртка
за прицврстување
2.
Олабавете ја рачната завртка во основата на држачот.
Прикачете ја основата на цилиндарот на куќиштето на
моторот порамнувајќи го јазичето за заклучување на
основата со плиткиот жлеб на површината на куќиштето.
Зацврстете ја рачната завртка за да се прицврсти држачот.
► Сл.12: 1. Рачна завртка 2. Куќиште на мотор
Поврзување на правосмукалката „Makita"
ВНИМАНИЕ:
на смукалката за прав кога правосмукалката не
е поврзана за смукалката за прав. Никогаш не
ставајте го прстот во смукалката за прав.
ЗАБЕЛЕШКА:
употреба доставено со вашата правосмукалка
пред да ја користите.
НАПОМЕНА: Изборни предни муфови 22
конектори или адаптери на алат може да бидат
потребни за да се направат поврзувања во
зависност од системот на вашата правосмукалка.
Почисти работи за шмирглање може да се извршуваат со
поврзување на шмиргла-каишот со правосмукалка Makita.
Отворете го капачето на распрскувачот на прав и
поставете ја смукалката за прав.
Поврзете го цревото на правосмукалката на
смукалката за прав.
► Сл.13: 1. Смукалка за прав 2. Предни
муфови/конектор/адаптер 3. Црево за
правосмукалка 4. Правосмукалка
36 МАКЕДОНСКИ
Цврсто стегнете ја рачната
Избегнувајте примена на
Секогаш затворајте го капакот
Прочитајте го упатството за

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents