Samsung 4 Series User Manual page 171

Hide thumbs Also See for 4 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Функцијата Информации за сигналот на телевизорот не е достапна во менито Самодијагноза.
Оваа функција е достапна само за дигитални канали од антенска / RF / коаксијална врска.
Телевизорот е закосен на десната или левата страна.
Отстранете ја подлогата со основа од телевизорот и повторно составете ја.
Потешкотии при составување на основата на подлогата.
Проверете дали телевизорот е поставен на рамна површина. Ако не можете да ги отстраните завртките од
телевизорот, користете магнетизиран одвртувач.
Менито Емитување е во сива боја (недостапно).
Менито на функцијата Емитување е достапно само кога ќе изберете извор на телевизорот.
Вашите поставувања се губат по 5 минути или при секое исклучување на телевизорот.
Ако телевизорот е во режимот Демо за продавница, тој ќе ги ресетира поставувањата за звук и слика на секои 5
минути. Ако сакате да го промените режимот Демо за продавница во Дом. упот., притиснете го копчето SOURCE
за да го изберете режимот ТВ и одете во MENU - Поддршка - Кор. го режимот.
Звукот или сликата повремено се губат.
Проверете ги поврзувањата на каблите и повторно поврзете ги.
Губењето на звукот или сликата може да биде предизвикано од користење на премногу крути или дебели
кабли. Каблите мора да бидат доволно флексибилни за долготрајна употреба. При поставување на телевизорот
на ѕид, ви препорачуваме да користите кабли со приклучоци под агол од 90 степени.
Видливи се мали честички ако одблизу ги погледнете рабовите на сликата на телевизорот.
Ова е дел од дизајнот на производот и не претставува дефект.
Менито PIP не е достапно.
PIP функцијата е достапна само кога користите HDMI или компонентен извор.
Го исклучивте телевизорот пред 45 минути, а тој повторно се вклучил.
Тоа е нормално. Телевизорот ја користи функцијата OTA (Over The Aerial) за ажурирање на софтверот кој бил
преземен додека сте гледале телевизија.
Проблеми со сликата/звукот кои се повторуваат.
Проверете го и променете го сигналот/изворот.
Може да дојде до реакција помеѓу гумените перничиња на основата на подлогата и горната
завршница на мебелот.
За да го спречите тоа, користете обложени перничиња на секоја површина на телевизорот која доаѓа во
директен контакт со мебелот.
Ќе се прикаже пораката "Оваа дат. може да не се пушти правилно.".
Тоа може да се случи поради високата бит-стапка на содржината. Содржините воглавно ќе се репродуцираат,
но можно е да се појават некои проблеми при репродуцирањето.
Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална работна состојба преку надградба со најновиот фирмвер
(www.samsung.com → Поддршка) преку USB.
Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, на
екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание врз
перформансите на уредот.
Некои функции и слики прикажани во овој прирачник се достапни само кај одредени модели.
UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 15
Македонски - 15
2016-07-11 오후 1:22:29

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents