Решавање На Проблеми - Samsung 4 Series User Manual

Hide thumbs Also See for 4 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Решавање на проблеми и одржување
Решавање на проблеми
Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете
да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата "www.samsung.com",
а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.
Квалитет на сликата
Пред сè, направете Тест на слика за да потврдите дека вашиот телевизор правилно ја прикажува тест-сликата.
(одете во MENU - Поддршка - Самодијагноза - Тест на слика) Ако сликата се прикажува на правилен начин,
причината за лоша слика може да биде изворот или сигналот.
Сликата на телевизорот не изгледа толку добро како во продавницата.
Ако имате аналоген кабелски/set top box приемник, надградете го со дигитален set top box приемник.
Користете HDMI или компонентни кабли за да добиете HD (висока резолуција) квалитет на сликата.
Кабелски/сателитски претплатници: Испробајте ги дигиталните станици од понудениот список на канали.
Поврзување со антена: Испробајте ги HD станиците откако ќе извршите автоматско пребарување на канали.
Многу HD канали имаат зголемена резолуција во однос на SD (стандардна резолуција) содржините.
Поставете ја резолуцијата на излезниот видео сигнал од кабелскиот/Set top box приемник на 1080i или 720p.
Проверете дали го гледате телевизорот од минималната препорачана оддалеченост, земајќи ги предвид
големината и резолуцијата на сигналот.
Сликата е изобличена: грешка во макро блокот, малиот блок, точки, пикселизација.
Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено кај слики со
брзи движења како во спортот или динамичните филмови.
Ниското ниво на сигнал или лошиот квалитет може да предизвикаат изобличување на сликата. Овој проблем
не е поврзан со телевизорот.
Користењето на мобилни телефони во близина на телевизорот (приближно до 1m) може да предизвика шум на
сликата кај аналогната и дигиталната телевизија.
Боите се погрешни или недостасуваат.
Ако користите компонентна врска, проверете дали компонентните кабли се поврзани на соодветните
приклучоци. Несоодветното или лабаво поврзување може да предизвика проблеми со боите или празен екран.
Недоволен интензитет на бои или светлина.
Прилагодете ги опциите за Слика во менито на телевизорот. (одете во Режим на слика / Боја / Интензитет /
Острина)
Прилагодете ја опцијата Заштеда на енерг. во менито на телевизорот. (одете во MENU - Систем - Еко решение -
Заштеда на енерг.)
Обидете се да ја ресетирате сликата за да ги видите зададените поставувања на сликата. (одете во MENU -
Слика - Ресетирање слика)
UK5100B_XH_BN68-07346X-03_L09.indb 12
Македонски - 12
2016-07-11 오후 1:22:29

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents