Bosch AdvancedTrimRouter 18V-8 Original Instructions Manual page 172

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
172 | Македонски
Обликување и глодање на рабови (види слика H)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика I)
За паралелно глодање на рабови може да го монтирате
паралелниот граничник (22).
Прицврстете го паралелниот граничник (22) на корпата
на глодалката (2) со завртката со нарецкана глава (4).
Поставете ја сакана крајна длабочина со пеперутка-
завртката на паралелниот граничник (23).
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот за
обработување.
Глодање со помагалото при водење (види слика J)
Помагалото при водење (24) служи за глодање на рабови
со глодалки без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата на
глодалката (2) со завртката со нарецкана глава (4).
Водете го електричниот алат со рамномерно движење по
должината на работ на делот за обработување.
Странично растојание: за да ја промените количината на
отстранување материјал, може да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработување и
лизгачкиот валјак (27) на помагалото при водење (24).
Олабавете ја со пеперутка-завртката (25), поставете го
саканото странично растојание со вртење на пеперутка-
завртката (26) и повторно прицврстете ја пеперутка-
завртката (25).
Висина: во зависност од користената глодалка и јачината
на делот за обработување, прилагодете го вертикалното
порамнување на помагалото при водење.
Олабавете ја завртката со нарецкана глава (4) на
помагалото при водење, поставете го помагалото при
водење во саканата позиција и повторно затегнете ја
завртката.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
1 609 92A 6FL | (29.09.2021)
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

3 603 jd5 00006039d5000

Table of Contents