Bosch AdvancedTrimRouter 18V-8 Original Instructions Manual page 169

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Батерија
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата
при вклучен електричен алат го сигнализира
Bosch Power Tools
расположливиот батериски капацитет или
преоптоварувањето.
LED светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %
3 LED-светилки на приказот на состојба на наполнетост
трепкаат истовремено, ако реагира заштитата од
преоптоварување. Средната LED-светилка трепка, ако
температурата на батеријата е надвор од границите на
работната температура и/или реагира температурната
заштита на електричниот алат.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Замена на алатот
При ставање и менување на глодалката се
u
препорачува носење на заштитни ракавици.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
Bosch-ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Демонтирање на корпата на глодалката (види слика A)
Пред да ја монтирате глодалката, најпрво мора да ја
извадите корпата на глодалката (2) од погонската
единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (11) на корпата на
глодалката (2).
Извлечете ја погонската единица нагоре.
Менување на затезна клешта (види слика B)
Во зависност од употребената глодалка, мора да ја
замените затезната клешта со навртка за осигурување,
пред вметнувањето на глодалката (6).
Ако е веќе монтирана правилната затезна клешта за
вашата глодалка, следете ги чекорите за работа во
следниот дел.
Затезната клешта мора да биде поставена со мал простор
за маневрација во навртката за осигурување. Затезната
клешта со навртката за осигурување (6) мора да биде
лесна за монтирање. Ако навртката за осигурување или
затезната клешта се оштетени, заменете ги веднаш.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (7) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
рачно вретеното на моторот, додека не се фиксира.
Одвртете ја навртката за осигурување во правец
спротивен на стрелките од часовникот (6) со
вилушкастиот клуч (20).
Отпуштете го копчето за блокада на вретеното .
Македонски | 169
Капацитет
75–100 %
40–75 %
15–40 %
1 609 92A 6FL | (29.09.2021)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

3 603 jd5 00006039d5000

Table of Contents