Samsung SEK-4500 User Manual page 204

Evolution kit
Hide thumbs Also See for SEK-4500:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
03 Ограничувања за монтирање на Evolution Kit
• Панелот и дизајнот на телевизорот од Samsung не се менуваат кога ќе поврзете Evolution Kit.
• Реалните перформанси може да бидат различни и во зависност од спецификациите на моделот и хардверските перформанси.
• Можно е Evolution Kit да не поддржува одредени апликации и функции кои биле достапни на телевизорот од Samsung.
• Evolution Kit ги прикажува сликите во оптималната резолуција на телевизорот од Samsung со кој е поврзан.
• Ако го исклучите кабелот за напојување на телевизорот од Samsung кој е поврзан со Evolution Kit, исто така исклучете го и кабелот за
напојување на Evolution Kit.
• Ви препорачуваме да ги префрлите поврзаните надворешни уреди од телевизорот од Samsung (како што се BD, STB или конзола за
игри) во Evolution Kit. Ако на телевизорот од Samsung е поврзан надворешен уред, а вие го исклучите и потоа го вклучите телевизорот
од Samsung додека Evolution Kit работи, телевизорот ќе ја прикаже сликата и звукот од Evolution Kit, а не од надворешниот уред.
– За да користите надворешен уред, изберете го уредот како извор на телевизорот од Samsung со помош на далечинскиот
управувач на телевизорот.
• Ако поврзете компјутер со Evolution Kit, прилагодете ја резолуцијата на компјутерот така што ќе изберете една од поддржаните
резолуции на телевизорот од Samsung.
– За да го оптимизирате квалитетот на сликата кога поврзувате компјутер, поставете ја функцијата Икона на уредот на PC во
Извор на Evolution Kit, а потоа прилагодете го квалитетот на сликата во менито Слика на телевизорот од Samsung со помош
на далечинскиот управувач на телевизорот.
• За да го оптимизирате квалитетот на сликата, прилагодете го менито Слика на телевизорот од Samsung со помош на далечинскиот
управувач на телевизорот.
• За да ги користите функциите на Evolution Kit, користете го Далечинска контрола на Samsung Smart кој се испорачува со Evolution Kit.
• Функцијата HDMI-CEC не е поддржана кога е поврзан AV приемник. За да го прилагодите AV приемникот, користете го неговиот
далечински управувач.
Македонски-6
>

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents