Samsung SC07M25 Series Instructions Manual page 57

Hide thumbs Also See for SC07M25 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ
При употреба
• Не употребувајте ја цевката за ништо друго освен за
нејзината намена.
– Тоа може да резултира со повреда или оштетување.
• Кога ќе го подигнете капакот на куќиштето на
производот додека ја користите правосмукалката,
безбедносниот систем ќе се активира и можно е да
настанат промени во звукот при работа.
– Звукот при работа може да се промени ако го
држите капакот на куќиштето на производот додека
ја користите правосмукалката, но кружната цевка
во долниот дел на вреќичката за прав ќе го спречи
истурањето на правта.
• Не извлекувајте го кабелот за напојување целосно и
држете го кабелот за напојување со една рака при
намотувањето.
– Ако се обидете да го извлечете целосно, кабелот за
напојување може да се оштети, а ако не го држите
кабелот за напојување при намотувањето, можете да
ја изгубите контролата и да предизвикате повреда на
луѓето или оштетување на предметите околу вас.
• Доколку од правосмукалката доаѓаат невообичаени
звуци, мириси или чад, веднаш исклучете го кабелот за
напојување и обратете се кај сервисерот.
– Постои опасност од пожар или струен удар.
• Немојте да ја користите правосмукалката на места
во близина на апарати за затоплување (како шпорет),
запаливи спрејови или запаливи материјали.
– Можно е да настане пожар или деформација на
производот.
• За најголема ефикасност, испразнете ја вреќичката за
прав пред целосно да се наполни.
Чистење и одржување
• Извадете го кабелот за напојување на правосмукалката
доколку не ја користите подолг временски период.
– Можно е да настане електричен удар или пожар.
Македонски 9

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents