Bosch Professional GTC 400 C Original Instructions Manual page 228

Hide thumbs Also See for Professional GTC 400 C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 228 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
228 | Македонски
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување. Мерниот уред ги
зачувува сите подесувања и потоа се исклучува.
Затворете го заштитното капаче 1 за безбеден транспорт
на мерниот уред.
Во менито за подесување можете да изберете дали и по
колку време треба автоматски да се исклучи мерниот уред
(види „Време на исклучување", страница 230).
Доколку акумулаторот одн. мерниот уред се наоѓа надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува по
кратко предупредување (види „Дефект – Причини и
помош", страна 232). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред
само доколку го користите.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој наведува, дали
еден објект (во споредба со други објекти со иста
температура) испраќа многу или малку инфрацрвено
топлинско зрачење.
За одредување на температурата на површината, без
контакт се мери природното инфрацрвено топлинско
зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За точни
мерења, мора поставениот степен на емисија на мерниот
уред да се провери при секое мерење и доколку е
потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Можете да изберете претходно подесени степени на
емисија или да внесете точна бројна вредност. Подесете
го саканиот степен на емисија преку менито
„Мерење" >„Степен на емисија" (види страница 230).
 Прецизни температурни мерења се можни, доколку
подесениот степен на емисија и степенот на емисија
на објектот се совпаѓаат.
Разликите во бои може да се должат на различните
температури и/или на различните степени на емисија. При
мошне различни степени на емисија прикажаните разлики
во температура може значително да отстапуваат од
реалните.
Доколку повеќе мерни објекти се наоѓаат под различен
материјал одн. различна структура во мерното поле,
тогаш прикажаните температурни вредности може да се
поврзат со соодветните објекти за кои има подесено
степен на емисија. Кај сите други објекти (со други
степени на емисија) како напомена за температурните
односи може да се користат прикажаните разлики во бои.
1 609 92A 3RD | (22.8.17)
Материјал
(референтна вредност
Бетон
Гипс/Малтер
Цигла
Кровна лепенка
Боја за радијатори
Дрво
Линолеум
Хартија
Напомени за мерните услови
Површините со јака рефлексија или сјајни површини (на
пр. сјајни плочки или блескави метали) можат да ги
изменат одн. да влијаат врз прикажаните резултати. По
потреба, облепете ја мерната површина со темна,
матирана леплива лента, којашто е добар спроводник на
топлина. Оставете ја лентата кратко да ја израмни
температурата со онаа на површината.
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот
мерен агол, за да не се фалсификува резултатот поради
рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти.
На пример, при вертикални мерења од предната страна,
рефлексијата на Вашата сопствена телесна топлина може
да влијае врз мерењето. На рамна површина може да се
прикажат цртите и температурата на Вашето тело
(рефлектирачка вредност), коишто не одговараат на
фактичката температура на измерената површина
(емитирана вредност одн. реална вредност на
површината).
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло
или транспарентна пластика) во принцип не е возможно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и
посигурни доколку се подобри и постабилни мерните
услови.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува
поради чад, пареа/висока влажност на воздухот или
правлив воздух.
Напомени за подобра точност на мерењата:
– Доближете го мерниот уред колку што е можно повеќе
за да се минимизираат факторите за пречки меѓу вас и
мерната површина.
– Пред мерењето проветрете ги внатрешните простории,
особено ако воздухот е загаден или има пареа.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се
истемперира, додека не се постигне вообичаената
температура.
Степен на емисија
0 °C...100 °C)
0,93
0,93
0,93
0,93
0,93
0,91
0,88
0,89
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents