Македонски - Philips PSG7028/30 User Manual

Hide thumbs Also See for PSG7028/30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 5
Македонски
57
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Црево за довод на пареа
2 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
3 Индикатор „пеглата е подготвена"
4 Грејна плоча
5 Подножје за пегла
6 Копче за отпуштање на бравата за носење
7 Отстранлив резервоар за вода
8 Отвор за полнење
9 Преграда за чување на цревото за довод
10 Регулатор EASY DECALC
11 Кабел за напојување со приклучок
12 Индикатор EASY DECALC
13 Индикатор „резервоарот за вода е празен"
14 Копче за вклучување/исклучување со индикатори за напојување и автоматско исклучување
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е дизајниран за користење со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со
тврда вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Поради тоа се препорачува користење
на дестилирана или деминерализирана вода (може да се користи и мешавина од 50%
деминерализирана/дестилирана вода и обична вода) за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога ќе почне да трепка индикаторот
„резервоарот за вода е празен". Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.
1 Отстранете го резервоарот за вода од апаратот (сл. 2) и наполнете го со вода до ознаката MAX
(сл. 3).
2 Вратете го резервоарот за вода во апаратот така што прво ќе го вметнете долниот дел.
3 Туркајте го горниот дел на резервоарот за вода сè додека не легне на место („клик") (сл. 4).
Индикатор „резервоарот за вода е празен"
Кога резервоарот за вода е речиси празен, се вклучува индикаторот „резервоарот за вода е
празен" (сл. 5). Наполнете го резервоарот за вода и притиснете го копчето за пареа за да апаратот
повторно се загрее. Кога индикаторот „пеглата е подготвена" ќе почне постојано да свети, можете да
продолжите да пеглате со пареа.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Perfectcare 7000 seriesPsg7014

Table of Contents