Philips PSG7040/10 User Manual page 58

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 5
-
За да ја запрете функцијата за дополнителна количина на пареа, притиснете го копчето за пареа
еднаш.
Вертикално пеглање
Предупредување: пеглата испушта врела пареа. Никогаш не се обидувајте да отстранувате
набори од облека додека некој ја носи (сл. 12). Не применувајте пареа во близина на вашата
или туѓа рака.
Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од
ткаенините поставени на закачалка.
1 Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја
облеката со грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 13).
Безбедно спуштање
Спуштање на пеглата додека ја поставувате облеката
Додека ја поставувате облеката, пеглата можете да ја спуштите на подножјето или хоризонтално на
даската за пеглање (сл. 6). Благодарение на технологијата OptimalTEMP, грејната плоча нема да ја
оштети навлаката на даската за пеглање.
Заштеда на енергија
Автоматско исклучување
-
За да се заштеди енергија, апаратот автоматски ќе се исклучи ако не го користите 10 минути.
Индикаторот за автоматско исклучување на копчето за вклучување/исклучување започнува да
трепка.
-
За повторно да го активирате апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Потоа
апаратот повторно почнува да се загрева.
Предупредување: никогаш не го оставајте апаратот без надзор кога е приклучен на
електричната мрежа. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
Чистење и одржување
Отстранување бигор од апаратот
Многу е важно да ја користите функцијата EASY DECALC кога индикаторот „EASY DECALC" ќе почне да
трепка (сл. 14).
Индикаторот „EASY DECALC" ќе почне да трепка по приближно еден месец или 10 пеглања, што
укажува на тоа дека е потребно да се отстрани бигорот од апаратот. Извршете ја следната постапка
EASY DECALC пред да продолжите со пеглање.
Забелешка: ако водата е тврда, извршувајте ја постапката за отстранување бигор почесто.
Предупредување: за да избегнете ризик од изгореници, исклучете го апаратот од струја
и оставете го да се олади најмалку два часа пред да ја извршите постапката EASY DECALC
(сл. 15).
1 Извадете го приклучокот од штекерот.
2 Отстранете го резервоарот за вода (сл. 2).
3 Отстранете ја пеглата од подножјето.
4 Држете и протресете ја основата на садот за пареа (сл. 16).
5 Отстранете го регулаторот EASY DECALC (сл. 17).
Македонски
59

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Perfectcare 7000 seriesPsg7014

Table of Contents